Уникатното искуство на онлајн хакатонот кај студентите поттикна желба за што повеќе вакви хакатони! Имаа задача да дизајнираат и да помогнат во лансирањето на каталог на продукти. Да се помогне на клиентот Sugarwish во мисијата да приреди уште подобро корисничко искуство во gift-giving светот, во што се и пионери. 

32 учесници и 5 тимови од Академиите за UX/UI дизајн и Project & Product Management. Искусните ментори кои ги водеа студентите до крајниот резултат беа Александар Нофитоски и Оглица Стрезовска. 

„Овој хакатон беше инспиративен бидејќи им даде на студентите увид во еден поразличен клиент. Sugarwish е многу иновативен и креативен бизнис. Токму тоа се вештините кои сакаме да ги поттикнеме кај студентите со реалните проекти – да иновираат и креативно да се изразуваат. Дополнителна вредност донесе фактот дека создадовме симулација на реална работна средина каде тим од дизајнери работат заедно со продукт менаџер за да ги исполнат барањата на клиентот.“ – сподели Деница, главниот организатор на овој хакатон.

sugarwish hackathon

Во продолжение ќе прочитате за Sugarwish, целите на проектот, целокупното искуство на хакатонот, а ќе видите и делови од решенијата на тимовите!

Од Candy Gifts only, до персонализирани подароци и возбудливо корисничко искуство

Sugarwish е уникатна компанија за подароци лоцирана во Денвер, Колорадо. Со Sugarwish, може да купите дигитален подарок преку e-gift card (“eCard”) и да го подарите некому, кој потоа, на веб страната, може да си ги избере нивните омилени деликатеси или пијалоци и да ги добие на нивната адреса. Со оваа структура, гарантирано секој подарок е персонализиран на оној кој го добива eCard-от. 

Денес, имаат богата понуда на разновидни продукти, а со тоа доаѓа и оптимизирањето и подобрувањето на искуството на купувачите и оние кои го избираат и добиваат подарокот.

sugarwish hackathon

Подобрено корисничко искуство за gift-giving

Долгорочните цели на клиентот, за кои студентите од Академиите за UX/UI дизајн и Project & Product Management работеа да помогнат да се достигнат беа:

  • Зголемување на продажба
  • Подобрување на задржувањето на клиенти
  • Лансирање нова линија на продукти

За да се исполни ова, студентите на онлајн хакатонот требаа да смислат новa функционалност за веб сајтот на Sugarwish. Оваа функционалност кај корисниците треба да поттикне возбудливост и да ја истакне gift-giving културата уште повеќe. 


Ко-инвестираме со нашите партнери за вработување и доделуваме 100 ваучери од 1000€. Инвестирај во иднина што ќе ти донесе вработување – Аплицирај на Brainster+ Академиите за UX/UI дизајн и Project & Product Management за твојот ваучер!


Дизајн <> product management: спој на дефинирање, планирање и дизајнирање

5-те тимови во нивните решенија имаа вклучено продукт стратегија, кориснички персони, кориснички сториња, МВП (Minimum Viable Product). Главните критериуми на успешност на решенијата на тимовите беа:

  • Хиерархија на контент 
  • Дали/колку feature-от би поттикнал ангажираност и задоволство кај корисниците
  • Компетитивна анализа
  • Како ќе влијае на customer acquisition/retention

Уникатно искуство и прилика да се работи за интернационален партнер

Од тимот на Partnerships ни споделија дека ова беше едно уникатно искуство организирајќи го овој хакатон. За Деница, овој хакатон е еден од оние каде имаше вистинска симулација на работна средина. Средина каде продукт и дизајн работеа заедно во градењето и лансирањето на продуктна функционалност. 

Partnerships team @ Brainster

Беше многу уникатно искуство земајќи предвид дека за прв пат го организиравме онлајн хакатонот за Академијата за Project & Product Management. Исто прв пат беше да има крос-академски хакатон за студентите на Академијата за UX/UI дизајн. 

Поврзавме продукт менаџери и дизајнери за да им дадат корисни сознанија на клиентите и предлог решенија за да имплементираат една нова понуда на нивниот веб сајт. Интересниот предизвик беше што не беше редизајн ниту креирање на решение од нула. Се работеше на надополнување на веќе постоечка платформа. Целта беше паметно да се имплементира новата понуда на Sugarwish.

На брифингот, стејкхолдер интервјуата и презентациите целата комуникација беше на англиски, бидејќи клиентите ни се од Америка. Сакаме да ги подготвиме студентите јасно да ги комуницираат своите идеи и проекти пред странски клиенти, бидејќи професијата ги отвара токму тие можности. 

хакатон sugarwish

5 добри решенија и 5 клучни key takeaways за Sugarwish

Фидбекот на клиентот за решенијата на тимовите беше многу позитивен. Студентите ги изложија на своите идеи, секоја уникатна на свој начин. Од корисни материјали за корисничко истражување, до поттик за развивање нови концепти, Sugarwish се задоволни од работата на студентите.

За некои од студентите ова беше прв хакатон. Зборовите со кои го опишаа искуството на хакатонот беа „забавно“, „предизвикувачки“, „корисно“, „многу научив“, “тимски и колегијално“, „благодарни на нашите ментори“.

За крај, ви спремивме галерија со делови од решенијата на 5-те тимови од онлајн хакатонот:

sugarwish hackathon
Team 2 – User journey
sugarwish hackathon
Team 3 – Design thinking ideation
sugarwish hackathon
Team 5 – User persona

Како до 1.000.000€? 🤫