Продолжува серијалот „Од Креативност до Кариера“ во организација на Бреинстер, поддржан од Шпаркасе Банка

Бреинстер и Шпаркасе Банка А.Д. Скопје ја најавуваат нивната партнерска соработка која вклучува реализирање голем број активности како курсеви, едукативни настани, хакатони и прокети со цел да обезбедат нови можности за личен напредок кај младата популација.

Како дел од активностите за поддршка на младите таленти и професионалци се предвидени 6 настани „Од Креативност до Кариера“ каде 5 говорници споделуваат свои лични и професионални приказни за својот кариерен развој на одредена тема.

Бреинстер ги поканува сите заинтересирани на првиот настан за оваа есен од нивниот добро познат серијал: „Од Креативност до Кариера 4.0“, што тие го организираат со поддршка од нивните партнери, Шпаркасе Банка. Настанот ќе се одржи на 24 септември во Бистро Комедија во Скопје (прием: 18:00 ч; почеток: 18:30 ч), а посетителите ќе имаат можност да слушнат пет инспиративни приказни на тема: „Како до глобален успех од Македонија?“, директно од петте успешни претприемачи, гости говорници: Ненад Пантовиќ, CEO и коосновач на брендот SIGNORI, Никола Јордановски CTO и коосновач на Upshift, Петар Андреевски, CEO на WVP Fund Management AD Skopje, Горјан Јовановски, CEO и основач на EarthCare.ai. и Филип Арсов, соосновач на @Synapse Aviation.

Настанот е од отворен тип, а регистрацијата е задолжителна и истата е овозможена на овој линк.

Покрај излагањата на говорниците, овозможена е и дискусија со гостите, па затоа младите треба да ја искористат оваа одлична шанса да добијат практични совети за тоа како да размислуваат и делуваат глобално за да ги остварат своите амбиции.

Овој настан е само еден од низата проекти и активности кои ги најавуваат Бреинстер и Шпаркасе Банка чија цел е поддршка на младите лица, идните лидери и иноватори преку соодветно насочено образование и креирање стабилна финансиска независност.

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉