Два дена после одржување на вториот настан од „Креативност до Кариера“ сѐ уште зборуваме за сите идеи кои ги слушнавме на истиот. Енергијата од публиката, советите од говорниците, како и неформалното дружење и емоции ја исполнија целата просторија.
Вториот настан дефинитивно прерасна во голема конференција, овој пат со повеќе од 400 посетители, пет говорници во живо и еден онлајн. Настанот го зачинивме со изложба на проектите на студентите од Академијата UX/UI дизајн и 10 ваучери од нашите партнери за вработување од креативните академии.
Иако, вчера беше неработен и изборен ден веќе добивавме повици со прашања околу информации за третиот настан. Сѐ поврзано со третиот настан ќе дознаете наскоро, затоа следете го Brainster на социјалните мрежи каде редовно објавуваме за нашите тековни настани.
Од инфлуенсерство до кариера
Овој настан прашањето што сакавме да си го одговориме беше: „Дали од инфлуенсерство можеш да креираш кариера?“ Дали денес за да си успешен во било кој бизнис, било која кариера треба паралелно да градиш и сопствен личен бренд?
Прашањето ни го одговорија 6 говорници сместени во удобна дневна соба (благодарност до Kare и Smartliving), енергизирани од RedBull.
Шестемина ни раскажаа за својата успешна кариера во различна област, но кај сите се препозна една заедничка карактеристика- креирање на свој личен бренд.
По споделувањето на својата инспиративна приказна, тие ги советуваа посетителите
Теона Сима aka thelanguageblondie, освен што ги претстави говорниците, го објасни накратко своето позитивно влијание на социјалните мрежи преку своите видеа каде зборува на различни светски јазици. Притоа им порача на присутните да бидат целосно свои и дека што и да прават нема да можат да им се допаднат секогаш на сите.
Иван Неделковски, успешен претприемач со најуникатниот и најмотивирачкиот поткаст на тема „Како да успееш од Македонија?“. Преку својата презентација претстави како и зошто треба да работиш на градење на личен бренд, како инфлуенсерството или креирањето на контент за социјални мрежи ќе треба секој од нас да го прави.
Никола Соколов од Influencers Club, партнер компанија со вработени 7 наши студенти поврзува инфлуенсери со брендови. Тој нѐ запозна со бизнис логиката која стои зад самото инфлуенсерство.
Александра Трпеска aka Majestic, алумни од Brainster+ Академијата за дигитален маркетинг, ни ја раскажа својата кариерна трансформација од фармацевтската индустрија кон блогерство и инфлуенсерство, па сѐ до креирањето на контент за социјални мрежи или дигиталното контент креаторство.
Матеа Драгшиќ, претставувајќи ни го својот моден бренд MDRGSC, сподели како за една година се гради кариера преку градење на свој личен бренд и како секогаш со многу труд и вложување во себе можете да успеете. FIY, Матеа е и наш студент на Brainster+ Академијата за дигитален маркетинг ✨
Давид Даниловски aka Young Dadi, младиот пејач и рапер, порача до публиката да се потрудат да излезат од својата комфорт зона, да се предизвикуваат самите себе, да бидат автентични, да бидат спремни за хејт и секогаш да си ја наплатат својата работа.
По говорниците, следуваше…
По излагањата на говорниците следуваше Q&A сесија, на која говорниците беа повеќе од среќни да поразговараат со посетителите и да ги разјаснат нивните дилеми и нејаснотии.
За одличната атмосфера и по завршувањето на официјалниот дел од настанот, се погрижи DJ Dimchuga, а посетителите имаа прилика да уживаат во музиката и притоа да ги погледнат изработките на студентите од Brainster+ Академијата за UX/UI дизајн кои беа изложени на настанот. Тие работеа на своите проекти во мобилна верзија за неколку од нашите партнер-компании како: Scout, Smirlce, Маринов Дизајн, Корчагин, Маврово365, Крик, Стоби, Texxano, Eco Food Concept, Kino moe и DataHub.
Благодарност до сите кои присуствуваа, сите кои го поддржаа настанот и до целата наша Brainster заедница. Следете нѐ на нашите социјални мрежи за да ги дознаете говорниците за „Од Креативност до Кариера“ 3.0 и да го регистрирате вашето присуство!
Hint: Ќе биде нешто возбудливо поврзано со темата претприемништво! 🤫
Дотогаш, ви спремивме галерија фотографии од атмосферата на настанот: