Како да ја започнеш твојата кариера без работно искуство?

Многумина од нашите студенти се запишуваат на Brainster академиите за да имаат сигурен почеток во својата кариера.

Започнувањето на кариерата знае да биде тешко! 👩‍💻

Особено кога се обидуваш да ја започнеш кариерата без ниедна ставка на CV-то и во твоето портфолио. Но, да разјаснеме нешто уште од старт: недостигот на работно искуство не значи недостиг на потенцијал или вештини! 🧠

Постои начин да се изгради кариера и без работно искуство додека студираш – и тоа многу успешна кариера!

Во денешниот конкурентен пазар на труд, работодавците не бараат само дипломи. 🎓 Тие бараат реален доказ за твојата работа и за твоите вештини. Сакаат да видат што можеш ТИ да направиш.

Изработка на креатива од студентот Имер Сaлиу за Skopje Pride

Компаниите сакаат докази за тоа што можеш да направиш, а идеален начин за тоа е да имаш свое портфолио. Но, како да го изградиш портфолиото доколку немаш работно искуство?

Многумина почетници измислуваат свои лични проекти.

Но, замисли ТИ да имаш можност уште додека студираш да си изградиш портфолио со работа на РЕАЛНИ ПРОЕКТИ и за РЕАЛНИ КОМПАНИИ.

Инструкторот Александар Нофитоски ги менторира студентите во изработувањето на реален проект

Во Brainster ти помагаме да изградиш портфолио коешто веднаш ќе те стави на пидестал пред другите. Имаме цел тим чијшто главен фокус е да ти најде проект, да комуницра со 150+ партнески компании и тим на експерти којшто ти помага да го изработиш проектот користејќи ги твоите способности и потенцијал

Во јули 526 студенти имаа можност да работат на реални проекти!

Зошто реалните проекти се значајни за вас, студентите?

– Ќе ти помогнат да го провериш твоето досегашно знаење.

– Имаш можност да ги примениш твоите вештини.

– Реалните проекти можат да бидат отскочна даска за твојата кариера.

– Ќе ја прошериш твојта професионална мрежа со реномирани локални и интернационални компании.

– Ти и твојата работа ќе бидат забележани од нашите партнери, што ќе ти помогнат за вработување и пракса.

– Го градиш твоето портфолио кое ќе ја лансира твојата кариера!

Решение за пакување на студентката Марта Манеска

👩‍💻 Овој јули, работејќи со клиенти како што се DataHub, Маја Лазаревска, Elo, Pixyle, DNA Trails, Лаб Ансамбл, Kantina, МАЧР, Larger World…. нашите студенти не само што ги применуваа своите вештини, туку и учеа од најдобрите. Секој од овие проекти претставуваше уникатна можност за студентите да се соочат со реални предизвици и да најдат креативни решенија што ги подготвуваат за динамичниот свет на бизнисот.

🎉 Во јули, групацијата Brainster успеа и да го постигне својот рекорд! Успеавме да им помогнеме на 59 студенти да стигнат до пракса и до реални проекти. Но, не застануваме овде! Токму затоа ја продолжуваме нашата иницијатива Ваучери, заедно со нашите партнерски компании доделуваме на 100 студенти ваучери од 1000 евра за да го доближиме нашето образование до тебе. Те советуваме да аплицираш на време, затоа што веќе имаме многу пријавени, а местата се ограничени.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.