Дојде пролетта, месец на прошетки со блиските, сонце, променливо време и многу настани во Brainster. Обврските кај нашите студенти се зголемуваат, старт на реални проекти и три онлајн хакатони организирани за овој месец.

Прочитај подолу што сѐ ќе се случува во првата половина од април во Brainster.

Понеделник 01.04.2024
Full-Stack Academy
Презентација на реален проект за клиентот Игралиште

На 1 април студентите од групите 12 и 13 на академијата за Full-Stack програмирање ќе ги одржат своите презентации за завршниот проект на Академијата за клиентот Игралиште под менторство на Магдалена Силјаноска Спинола Сантос. 

Сабота 06.04.2024
Data Science Academy
Работа на реален проект во Power BI 

Во периодот од 6ти до 21 април студентите од група 15 на Академијата за Data Science ќе работат на проект во рамките на Power BI модулот под менторство на инструкторот Aлександар Анастасов.

Понеделник 08.04.2024
Data Science Academy
Работа на реален проект во Python

Од 8ми до 21ви април студентите од група 14 на академијата за Data Science ќе работат на проект во рамките на модулот Python под менторство на инструкторот Иван Гочев.

Сабота – Недела 13-14.04.2024
Digital Marketing Academy
Graphic Design Academy
Oнлајн хакатон за агенција Rating 

Викендот на 13 и 14 април, студентите од академијата за маркетинг и графички дизајн во тимови ќе работат на онлајн хакатон за клиентот Rating.

Остануваме во динамично и продуктивно расположение. Продолжи да нѐ следиш за да останеш во тек со сите случувања од заедницата!

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉