Хакатон на Бреинстер за Шпаркасе Банка: Студентите развиваат решенија за првата платформа за финансиска едукација на млади

Денес започна најголемиот 48-часовен хакатон организиран од Бреинстер за Шпаркасе Банка. Проектот е поделен во два викенди помеѓу креативните и техничките академии, заедно со студентите од Бреинстер Некст факултетот. Само во првиот викенд се пријавени 151 студенти кои во тимови ќе работат на создавање на иновативни решенија за првата и единствена платформа во Македонија, наменета за финансиска едукација на младите. 

Во текот на 48-часовниот интензивен маратон, студентите ќе се соочат со вистински предизвици, тестирајќи ги своите вештини во развој на софтвер, дизајн и маркетинг. Преку оваа колаборација, Шпаркасе Банка дава поддршка за младите таленти, овозможувајќи им да ги применат своите знаења на проекти од реалниот свет.

Преку комбинацијата на креативност и технолошка иновација, студентите ќе развиваат проекти кои ќе го трансформираат начинот на кој младите пристапуваат кон своето образование. Хакатонот е платформа за нови идеи, но и можност за сите учесници да изградат мрежа на контакти и да тестираат како изгледа реална работна средина.

Биди чекор пред останатите! Приклучи се на листата на чекање и дознај прв
доколку се отвори повторно можност за упис на нашите академии!

Шпаркасе Банка не само што ги поддржува младите преку специјално креирани финансиски услуги за млади, туку и преку иницијативи како овој хакатон, докажувајќи ја својата посветеност кон подобрување на квалитетот на живот на идните генерации.

Хакатонот е само еден дел од долгогодишната соработка помеѓу Бреинстер и Шпаркасе Банка, кои преку предвидени активности работат заедно за поттикнување на развојот на младите во земјата.

Следете нè за повеќе новости и резултати од хакатонот!