Започнува вториот викенд од најголемиот хакатон организиран од Бреинстер за Шпаркасе Банка. Овој викенд, на ред се студентите од техничките академии и студентите од Бреинстер Некст факултетот од студиската програма за софтверско инженерство и иновации.

Во првиот викенд, 151 учесник работеа во 12 тима за да изнајдат креативно решение за првата и единствена платформа за финансиска едукација за млади во земјата. По завршните презентации пред жири-комисијата, тим 2 е избран за победник со своето иновативно решение.

Овој викенд, студентите од техничките програми го презимаат победничкото решение на тим 2. Тие ќе работат на развојот на иновативното решение за првата и единствена финансиска платформа за едукација на младите во Македонија.
Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра!
Почетокот на хакатонот го најавија Јана Тодоровска, Head of Partnerships на Бреинстер и Бреинстер Некст и Ивана Петревска, директор на дирекција за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка пред новите учесници. Во текот на 48-часовниот спринт, студентите ќе ги усовршуваат своите способности во развој на софтвер, работејќи под притисок и со реални проектни барања. Ова е одлична можност за нив да покажат креативност, техничка иновативност, но и да се поврзат со индустриски професионалци.

Шпаркасе Банка преку оваа иницијатива ја покажува својата посветеност кон младите и нивниот развој, овозможувајќи им платформа за применување на стекнатите знаења на проекти од реалниот свет. Ова е дел од долгорочната соработка меѓу Brainster и Шпаркасе Банка каде се предвидени низа активности за финансиска едукација на младите во Македонија.
Следете нè за повеќе вести и резултати од хакатонот!