Нашата генерација од академиите за 2023-та година конечно го доживеа заслужениот момент – долгочекуваната прослава за обележување на нивниот успех во академијата The Grad Party You Never Had

Настанот којшто се одржа на 05.09.2024 во East Gate Mall, беше одлична можност (и изговор 🎉) за да се собереме и да прославиме на едно место.

Студенти, ментори и партнери… заеднички се гордеевме на постигнатото, разговаравме, игравме, наздравуваме и споделувавме кариерни планови за иднината!

„Бреинстер за мене претставуваше нов почеток на нова кариера. Академијата за дигитален маркетинг е нешто во коешто навистина се пронајдов. Ни требаше на сите ваква журка! Досега се гледавме онлајн, па сега е супер што можеме да прославиме заедно во живо“.  –
Цветанка Алексова, Академија за дигитален маркетинг.

Дипломираше… и сега што?

Тимот, менторите и партнерите кои имаат вработено наши студенти и со кои имаме соработувано на реални проекти се качија на сцената за да споделат инспиративни говори со студентите за животот и кариерата по добивањето на сертификатите.

Официјалниот говор го отворија Маријана и Јована од нашиот тим. Маријана, како Student Experience Specialist, која заедно со својот тим се грижи за искуството на студентите при дипломирањето, ја изрази својата гордост за постигнатиот успех на оваа генерација. Јована, како дел од тимот Partnerships кој им обезбедува на студентите реални проекти, вработувања и пракси со партнерските компании, ги повика партнерите на сцена, кои споделија мотивирачки говори, совети за вработување и за успешна кариера.

Андреј Вангелски од LEAN, Мирјана Тасков од Info Soft System и Кети Јовановска од Digital Halo се качија на сцена за да ги поздрават студентите, инспирирајќи со лични приказни за сопствениот кариерен развој. Споделија непроценливи совети за моменталниот пазар на трудот, мотивирајќи ги присутните да не се откажуваат во своите цели.

На сите присутни, обраќањата ни дојдоа како reality check! 💥Сфативме дека без разлика на која траекторија и да се наоѓаш во твојата кариера, дали си студент или имаш долгогодишно искуство – на сите ни е потребна заедница. Мрежа која се грижи да ги слушне, но и да ги сподели приказните.

Вилијам Додевски својата кариера во Бреинстер ја започна на 16 години како студент. Денес работи како Growth Marketer и е инструктор на Академијата за дигитален маркетинг во Бреинстер.

Фала ти Вил што ни сподели 5 NO BULLS*IT совети како да успееш и да останеш мотивиран и продуктивен. На сите ни требаше ваков поттик 😉

Д-р Николаос Димитриадис, професор и експерт за Невромаркетинг ги затвори инспиративните говори со потенцирање на потребата од силна заедница и мрежа од луѓе во сите стадиуми во својот живот кои ќе ти помогнат кариерно да растеш и да се развиваш.

Инаку, од следниот месец Б+ модулот на Д-р Димитриадис ќе биде достапен за нашите студенти. Сите што ќе сакаат да влезат и да научат како функционира и донесува одлуки нашиот мозок – ова е шансата! 🧠

Ања Макеска, CMO на Бреинстер, нè поздрави, им честита на дипломираните и го најави почетокот на журката. Таа, исто така, сподели на што работеше напорно маркетинг тимот. Доколку ве интересира за што се работи (а, треба!), видете ги видеата на Лара, Давид, Луна и Дади и покажете им малку љубов на видеата (и на нас! ⭐)

Настанот продолжи со журка со DJ Dimchuga каде продолжувавме да разменуваме импресии, планови и заеднички моменти.

Нашиот тим искрено им честита на сите дипломирани! 🎓

Едвај чекаме да станете наши колеги и да продолжиме заедно да ги освојуваме новите професионални хоризонти. Горди сме на сите успеси што ги постигнавме заедно и со нетрпение ги очекуваме следните!

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉