Brainster слави 10 години постоење, деценија во која изгради репутација на најиновативен едукативно-технолошки центар во регионот, со јасна цел: трансформација на образованието во Македонија.
Во следниот поткаст, Петар Ниновски го споделува почетокот на Brainster и клучните, честопати контраинтуитивни одлуки кои придонесоа за успехот и задоволството на студентите. Тој зборува за предизвиците при градење релевантен бизнис во непредвидливи времиња: „Кога започнувате иновативен бизнис кој отстапува од стандардите, потребните информации не се веднаш достапни. Затоа, помалку време треба да се троши на планирање и хипотези, а вистинските одговори ќе ги добиете директно од пазарот.“
Ниновски се осврнува и на една од најактуелните теми денес – иднината на учењето и претприемништвото во ерата на вештачката интелигенција, порачувајќи дека „сѐ ќе биде во ред. Само поразлично“. Но, за да биде навистина во ред, потребни се серија значајни одлуки и стратегии за иднината.
10 000 евра од Brainster за најдобрите нови AI претприемачи!
Петар Ниновски открива како вештачката интелигенција веќе се имплементира во програмите на колеџот, менувајќи го образованието со развивање на иновативни модели и отворајќи нови можности за идните генерации студенти.
Стратегијата на Brainster за вештачка интелигенција опфаќа:
- Користење на вештачката интелигенција за автоматизација на процеси.
- Интеграција на AI во работата на сите тимови со цел да се создаде поголема вредност за студентите.
- Истражување на нови можности кои AI ги отвора за нови бизниси и бизнис модели.
- Вклучување на најновите технологии и AI во сите образовни програми.
Brainster, преку вештачката интелигенција брзо го револуционизираат образованието во земјата, нудејќи персонализирани искуства за учење преку AI тутори како Умниверзум, кој обезбедува бесплатна 24/7 поддршка по математика, додека Brainster Next колеџот активно интегрираат AI за подобрување на квалитетот на наставата и подготовка на студентите за иднината на работната сила. Студиските програми континуирано се обновуваат за да се осигура дека вештините кои ги стекнуваат студентите се релевантни и веднаш применливи на пазарот на трудот.
Во насока на поддршка на идните професии, Brainster ја лансира и првата практична AI академија за обука на кадри кои ќе можат да станат AI имплементатори, AI програмери, консултанти или AI претприемачи. Како дополнителен стимул за иновации, студентот со најдобриот AI бизнис план во следните неколку години ќе добие инвестиција од 10.000 евра, со цел да се поттикне креирање нови AI претприемачи и проактивно адаптирање на новите технологии.
Повеќе за AI програмата дознај на поткастот ⏭️