Иако се наближуваме на почетокот на летото, што значи топли денови, опуштена атмосфера, распуст и одмори, календарот на Brainster сепак е полн со различни едукативни содржини. Во следните 30-тина дена ни следуваат активности како завршни проекти, почеток на нови академии, крос-академски хакатони и голем број на презентации.

Понеделник 03.06.2024 

Академија за Data Science

Parkinsons Project: Презентации за завршен реален проект

Презентации за завршен проект на група 12 на Академијата за Data Science за Parkinsons Project под менторство на Стефан Маркоски.

Вторник 04.06.2024

Brainster Hiring

Brainster Job Fair

Job Fair за студентите од сите Академии на Brainster и од Brainster Next колеџот кој има за цел да ги претстави своите студенти на 50 компании од Македонија и регионот.

Среда – четврток  05-06.06.2024

Академија за дигитален маркетинг

Презентации за завршен реален проект за V1 Solutions.

Презентации за завршен проект на групите 41 и 42 на Академијата за дигитален маркетинг за клиентот V1 Solutions кој го работат под менторство на Ива Дујак, Марко Ивановски и Златко Матески.

Петок 07.06.2024

Академија за дигитален маркетинг  

Презентации на Landing Page решенија за Brainster Job Fair

Студентите од група 45 и 46 на Академијата за дигитален маркетинг ќе ги презентираат своите решенија за Landing Page за Job Fair-от на Brainster, проект што го работеа под менторство на Давид Шојиќ и Вилијам Додевски.

Понеделник 10.06.2024

Академија за Front-end програмирање

Презентации на завршни проекти за клиент Kine Moe

Студентите од групите 14 и 15 на Академијата за Front-End програмирање ќе ги презентираат своите завршни проекти за клиентот Kinе Moe кои ги работеа под менторство на инструкторите Ахмет Адем и Александар Мелов.

Петок – петок 07-14.06.2024


Академија за графички дизајн

Изработка на Package Design за Dominos

Студентите од група 24 и 25 ќе работат на проект за Package Design за Dominos под менторство на Дијана Димитриевска.

Понеделник – среда 03-12.06.2024

Сите Академии

Настани за добредојде на студентите

Со предавања започнуваат:

Група 9 на Академијата за Project & Product Management

Група 47 на Академијата за дигитален маркетинг

Група 17 на Академијата за Data Science

Група 19 на Академијата за Full-Stack програмирање

Група 20 на Академијата за Front-End програмирање

Група 29 на Академијата за графички дизајн

Група 32 на Академијата за Software Testing

Петок – петок 14-28.06.2024 

Академија за дигитален маркетинг

Google Ads Strategy за Intertec

Студентите од група 45 и 46 на Академијата за дигитален маркетинг ќе работат на проект за пуштање реклами на Google за Intertec под менторство на Златко Матески.

Сабота – недела 15-16.06.2024

Крос-академски хакатон во живо

Решение за Sava осигурување на креативните академии

Хакатон во живо за студентите од Академиите за дигитален маркетинг, графички дизајн, UX/UI дизајн и Project & Product Management и студентите од GUX кои ќе работат на решение за Sava осигурување.

Сабота – недела 15-16.06.2024

Академија за Software Testing

Online хакатон за Coin Tracker

Студентите од група 31 на Академијата за Software Testing ќе работат на онлајн хакатон за клиентот Coin tracker под менторство на инструкторката Моника Божиноска.

Понеделник 17.06.2024

Академија за човечки ресурси

Завршни презентации на организациска структура за Sava осигурување

Студентите од група 5 на Академијата за човечки ресурси ќе ги презентираат своите завршни проекти за креирање на организациска структура за клиентот Sava осигурување под менторство на Билјана Алампиоска Андреевска и Викторија Дамчевска.

Понеделник – вторник 17-18.06.2024

Академија за Software Testing

Завршни презентации за автоматско и мануелно тестирање

Финални презентации на група 29 на Академијата за Software Testing за автоматско и мануелно тестирање под менторство на Христина Младенова.

Сабота – недела – 29-30.06.2024

Крос-академски хакатон во живо

Проект-решение за Sava осигурување на техничките академии

Хакатон во живо за студентите од академиите за Front-End, Full-Stack, Software Testing, Data Science и студентите од SEI кои ќе работат на решение за Sava осигурување.

Иако летото започнува, а ние продолжуваме со нашите продуктивни активности. Следете нѐ на социјалните мрежи, каде редовно објавуваме за нашите тековни настани.


Ко-инвестираме со нашите партнери за вработување и доделуваме 100 ваучери од 1000€. Инвестирај во иднина што ќе ти донесе вработување – Аплицирај  за твојот ваучер!


Како до 1.000.000€? 🤫