Вчера во Лабораториум, на настанот „Од креативност до кариера“ организиран од Бреинстер, пет говорници и основачи на успешни бизниси во земјата, искрено и транспаренто, ги споделија своите научени лекции во кариерата. Како дополнителна мотивација за слушателите на настанот, Бреинстер, заедно во соработка со 10 партнер-компании им доделија ваучери од 1000евра како инвестиција во нивното образование.

Лидерите што зборуваа на настанот се од различни позадини, со различни лични и професионални искуства, но со една цел – да се поддржат помеѓу себе и секој оној што сака да успее. Настанот започна со Ивана Крстевска, сооосновачка на Final Frontier Games. Крстевска ни кажа како започнала од скица и како од прототип стигнува да изгради еден од најуспешните стартапи во Македонија. Зборува дека еден лидер треба да одлучи да ја напушти и удобноста и се впушти во работа.
Присутните на настанот имаа можност да слушнат и за неуспесите на лидерите што ги довеле до моментот на нивното големо откритие. Лични банкроти, неколку неуспешни бизниси, борба со менталното здравје, закани за тужби и борби со мега компании… говорниците беа искрени додека раскажуваа за своето лично искуство. Тие не потсетија дека патот до професионалниот успех не е лесен и дека некогаш бара жртва, долги часови работа и приспособливост. Како што сподели Иван Ивановски, основачот на Bike Computer: „Треба да бидете спремни на сѐ! И да паднете од врвот, пак да се вратите назад“. Ивановски сподели како Apple ја ископирале неговата идеја, но се пошегува и дека тоа е нормално во бизнис светот: „Никој нема да ви ја ископира идејата додека не стане милионска“.
Отворените разговори и практичните совети ги мотивираа студентите на Бреинстер и присутните на настанот да постават одлични прашања. Говорниците, пак, беа мотивирани од прашањата и дилемите на слушателите и не се воздржуваа да ја понудат својата експертиза. Никола Велковски, основачот на HeyReach, сподели како се почнува од 0 и како да научиш да не се откажуваш. Но, во борба со гигантската компанија Reddit, сфаќа дека ако откажувањето не постои како опција, треба да научиш како да успееш да се прилагодиш.
За патот на Илија Димкоски, креативниот директор на OX и Cherry Cannon Studio, дознавме преку неговото детство и младост: „Kартите што ги имаш во раце треба да ги искористиш максимално“. Работејќи во неколку компании, со поминати долги часови во работа и креирање, Димкоски успева да го изгради еден од најуспешните и најпрепознатливите улични брендови во Македонија.
Петар Ниновски, основачот на Бреинстер, транспарентно ја сподели целта на својот говор: како присутните да стигнат до 1.000.000 евра. Тој сподели пет принципи коишто слушателите би можеле да ги аплицираат во својот професионален развој. Ниновски, како основач на #1 образованието што вработува, ја потенцира важноста на учењето, добриот тим и инвестирање во своето знаење.
Се гледаме на следниот настан!
Дотогаш, продолжуваме да привлекуваме квалитетни говорници и да разработуваме релевантни теми за разговори преку коишто ќе учиме едни од други.





