Возбудата од првиот настан „Од Креативност до Кариера“ сѐ уште е присутна кај нас, па со овој блог пост ќе се обидеме да ви доловиме сѐ што се случуваше во Лабораториум на 26.03.
Повеќе од 300 гости на првиот настан од серијата настани „Од Креативност До Кариера“ организирани од нас. Од споделување на знаење до можности за networking и неформално дружење. Првиот настан докажа дека може да биде баш тоа но и многу повеќе
Како од својата креативност да направиш кариера? Тројца говорници сместени во дизајнерска дневна соба на добар Airbnb стан (благодарност до Kare и SmartLiving) со долгогодишно искуство во дизајн, но со различна позадина, различна приказна и различна кариера се обидоа да одговорат на ова прашање. Но и на одличните прашања од публика.
Секој говорник свој и со уникатна порака до посетителите
Матеја Николиќ, арт директор во Fabricca раскажа како може самоук дизајнер со различна позадина да научи графички дизајн, да го преброди стравот од јавно споделување на своите проекти и преку споделување да ја има среќата да биде “откриена”.
Иван Дургутовски, од Europe House во Битола, откри како е да си секогаш скоро таму, секогаш втор, но и како да излезеш од стандардните рамки и да креираш свој печат.
Милан Стојанов, креативен директор во Publicis, ни раскажа кој е традиционалниот пат за успешна кариера во една од најпознатите маргетинг агенции. Дополнително, ни сподели што е денес потребно да си успешен – постојано учење и надградување. Исто така многу важно – како да ги “продадеш” своите дизајни.
После кратките talks публиката праша сѐ што ја интересира. Но, за прашањата за кои немаше време, следниот настан е многу, многу блиску.
По официјалниот дел следуваше DJ SoulCase, неформално дружење и можност да се погледне изложбата на нашите студенти од Академијата за графички дизајн под менторство на инструктор Михајло Тунев. Студентите работеа на редизајн на Мајски Оперски Вечери и се претставија со 46 постери.
Овој настан го организираме за нашата заедница.
Заедница која секоја година брои +1400 студенти, +150 инструктори и професори и +200 домашни и интернационални партнери. Благодарност до сите вас.
Настанот „Од Креативност до Кариера“ се надеваме да прерасне во традиционален настан на кој можеш да се инспирираш, да се запознаеш со слични луѓе на тебе, но и да се пронајдеш во приказните и искуствата на некој од говорниците. Присуството на вакви настани може да биде game-changer за тебе – за професионален, но и личен раст.
Па затоа, те покануваме да присуствуваш на следниот настан закажан за 23.04 – вторник, во Лабораториум.
Следи нѐ на TikTok или Instagram за да дознаеш кои ќе бидат следните говорници.
Ние ги знаеме и едвај чекаме да ги споделиме со тебе!
Сосема различен концепт и различна област. Hints за темата на следниот настан: професија или област за која сѐ уште нема традиционален пат или формална едукација- образование, а е една од најплатените професии денес. Можеш да погодиш која е?
Доколку сакаш да дознаеш кои се говорниците на следниот настан, темата, а сакаш и да си букираш столче на бина, направи предрегистрација тука!
Во продолжение, погледни дел од атмосферата на настанот 🙂










