FrontLogix е иновативна, next generation BPO компанија за корисничко искуство (CX). За потребите на клиентите, FrontLogix обезбедува прилагодени персонализирани решенија за корисничка поддршка. Компанијата е создадена од креаторите на водечките решенија за управување со работна сила. Со децениско искуство со контакт центри и BPO, FrontLogix е рангирана меѓу топ 50 BPO (Business Process Outsourcing) компании во САД.
Како дел од фокусот на компанијата, според ЛилјанаТрајковска којашто е задолжена за регрутација, е запознавање на млади таленти и давање поддршка во нивниот развој. Затоа, Трајковска ги советува студентите на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот да ја истражат компанијата, но и да успеат да ја задржат својата автентичност кога ќе се претстават.
Здраво Лиле, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?
Јас сум задолжена за регрутација во компанијата. Секој ден е различен и динамичен. Главно се фокусирам на комуникација – постојано сум во контакт со надворешни кандидати обидувајќи се да ги најдам најдобрите таленти за нашата компанија. Деновите се исполнети со разговори со потенцијални кандидати, креирање иницијативи за да се подобрат процесите на регрутација во компанијата. Исто така, и да се даде внимание на employer branding и задоволството на нашите вработени. Не постои монотон ден, секој ден носи нови предизвици и можности!
Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?
Она што ја издвојува нашата компанија од другите во индустријата е нашата посветеност кон иновациите и персонализираниот пристап кон нашите клиенти и вработени. Во споредба со другите, FrontLogix не само што се фокусира на оптимизирање на ангажманот со клиентите, ние сме и иноватори во областа на управувањето со работна сила. Нашиот фокус е кон развојот на нашите таленти и кариерно напредување на нашите вработени. Нудиме не само можности за учење, туку и поддршка за работа во различни сектори доколку некој има потенцијал и сака да научи нешто ново. Нашата ангажираност кон иновации и развој на луѓето нè прави поинакви и предност пред конкуренцијата во индустријата.
Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?
Многу ви благодарам за поканата! Mотивацијата за присуство на Саемот за вработување на Бреинстер е нашата посветеност кон пронаоѓање на талентирани и иновативни луѓе кои би и се придружиле на нашата компанија. Сметаме дека овој настан е одлична можност за нас да ги запознаеме потенцијалните кандидати, да им ја претставиме нашата компанија и да ја споделиме нашата визија и вредности. Веруваме во важноста на изградбата на силни тимови со различни вештини и перспективи, и сме возбудени за можноста да ги пронајдеме наредните членови на нашата компанија преку овој настан.
Коинвестираме во твојата иднина! Заедно со партнер-компаниите доделуваме 100 ваучери од 1000 евра. Не чекај и аплицирај за твојот!
Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?
Според мене, настани како Саемот за вработување на Бреинстер имаат значајно влијание врз ИТ (и сите останати) индустрии и екосистемот. Прво, нудејќи можност за компаниите да се претстават пред потенцијални кандидати, овие настани овозможуваат на компаниите да ги откријат и привлечат најдобрите таленти во индустријата. Второ, за кандидатите, овие настани претставуваат важна можност да ги истражат различните компании и кариерни можности во различни сектори, како и да ги прошират своите мрежи за контакти.
Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?
За нас, идеалниот кандидат би бил оној кој има силни комуникациски вештини и е способен да креира позитивна работна средина. Кандидатот треба да има претходно знаење и искуство во областа во која аплицира, но и да биде отворен за учење и развој. Покрај тоа, цениме и креативност и иновативно размислување, како и способност за успешно работење во тимска средина. Најважно од сè, идеалниот кандидат би бил оној кој ги споделува нашите вредности.
Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?
Посетете ги компаниите кои се претставуваат на саемот. Поставувајте прашања за нивните проекти, култура на работа и можности за кариера и развој. Покажете интерес и бидете активни во комуникацијата, истакнете ги вашите вештини и искуства, и изразете ја вашата мотивација за работа кај нив (доколку за некоја компанија сте заинтересирани). Дознајте колку можете за секоја компанија и оставете ги вашите контакт информации за можност за идни вработувања или интересни проекти. Ова ќе ви помогне да ја проширите вашата мрежа на контакти и да останете во комуникација со компаниите кои ќе ви го привлечат вниманието.
Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).