Brainster ми овозможува баланс меѓу работата и приватниот живот

За себе вели дека е голем geek за технологија. Постојано сака да учи нови нешта и да се едуцира за сите технолошки откритија. Љубопитството да открие што сѐ може да постигне со работа на компјутер, и како може да даде нова визуелна нарација на видеата, го довело до работа во видеопродукција.

Нашиот нов Post Production Specialist, кој дојде како креативно засилување на тимот на видеопродукција, Димитар Ристевски – Дими вели дека пост-продукцијата е местото каде што се случува магијата, претворајќи ги необработените видеоснимки во волшебна приказна. Специјалистот за пост-продукција создава визуелни слики, ткае наративи и вдахнува живот во секој кадар, обезбедувајќи беспрекорна фузија на креативноста и технологијата.  

Дими е волшебникот зад новите видеоанимации, TikТok видеата, Instagram Reels и stories и другите кратки видеа со кои секојдневно ја раскажуваме приказната на Brainster за нашите студенти и следбеници на нашите социјалните мрежи… Стиснавме пауза и го замоливме сега тој да ни ја раскаже својата Brainster приказна. 

 

 

Неодамна му се придружи на тимот на Brainster. Може ли да нѐ воведеш во профилот на твојата работна позиција како Post Production Specialist, кои се твоите обврски и задачи?

-Здраво дечки! Пред само неколку месеци се придружив на тимот на Brainster како Post Production Specialist. Нашите задачи се  визуелно претставување на брендот, креирање содржина за сите онлајн потреби, од снимање и монтирање на курсеви,  до содржина за социјални мрежи. Мојата обврска е да креирам видеоанимации, како и монтирање short-form видеа, меѓу кои TikТok, Instagram Reels и stories и други, со цел да ја подобрам комуникацијата и да го задржам (и привлечам) вниманието на корисниците. 

 

Кои се најважните моменти од твоето CV? Kои професионални чекори и ангажмани ги помина пред да стигнеш со оваа позиција во Brainster?

-Уште од мал сум многу голем geek за технологија. Многу сакав да се едуцирам за сѐ поврзано со технологија, а уште од мали години ги користев програмите за компјутерска графика. Со големо предзнаење, Академија за графички дизајн и неколку положени Adobe сертификати, започнав да работам како Graphic & Motion Designer во NewMediaMK. Работев full time, но и freelance на проекти од типот на онлајн-курсеви, подкасти, рекламни материјали во форма на анимации, како и анимации за настани меѓу кои и Allweb.mk.  Fast forward 4+ години, доаѓам во Brainster, континуирано работејќи на доусовршување и надградба на веќе постоечките знаења.

 


Можеш ли да направиш споредба – ти пред да дојдеш во Brainser – и ти денеска? Што се промени кај тебе (професионално и лично)?

 -Работејќи во Brainster, мотивиран сум и имам желба за поголеми постигнувања. Исклучително добрата тимска работа, и добриот work-life balance ми овозможува повеќе време за самоусовршување и дополнителна едукација кои ги имплементирам при реализација на проектите во Brainster. Успеав за 60 дена да реализирам 30-тина Reels.

 

Brainster е водечка едукативно-технолошка компанија која не само што е посветена на едукација на своите студенти, туку и на своите вработени. Кои се најважните нешта што ги научи изминатите неколку месеци работејќи во Brainster?

-Добрата комуникација со останатите тимови е неопходен елемент за успешен продукт. Во Brainster научив дека за да биде производот успешен и квалитетен, од осмислување до реализација, многу е битна добрата комуникација, размената на мислењата, идеите и искуствата со членовите од другите тимови.

 

Како ти помина периодот на адаптација, колку брзо се вклопи во тимот и со компанијата? Колку си фит со културата и структурата на оваа компанија?

-Се прилагодив многу брзо! Уште во првите неколку недели, ми беше дадена доверба да работам на главната реклама за лансирањето на најновата едукативна иновација Brainster+,  која беше добро прифатена и имаше позитивни критики. Имав топло добре дојде од сите мои колеги, кои се со големи знаења, и се спремни за тимска работа.

 

По што е уникатно ова работно искуство од претходните, по што се издвојува Brainster?

-Brainster се издвојува по тоа што го нуди за своите вработени. Се грижи да им овозможи одлични услови за одржување на баланс меѓу работата и приватниот живот, како и раст и напредок на своите вработени.

 

Ако треба да ја опишеш твојата компанија со 3 зборови, кои би биле тие?

– Teamwork, Dedication, Innovation!

 

На што си посветен после 17 часот? Колку имаш време за себе и за твоите најблиски?  

-Секојдневно се хранам со новостите во tech светот. Како голем љубител на технологијата, посветувам голем дел од своето слободно време истражувајќи нови технологии и секогаш останувам фасциниран од тоа колку брзо напредуваме во ИТ-светот. Наоѓам и посветувам време на своето здравје и на фитнесот, и секако, со задоволство дел од денот поминувам со моето семејство и моите пријатели. Тие се мојот „ветер во грб“.

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.

 

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!