Да бидеш дел од Brainster значи да имаш поддршка на секој чекор

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Азра Имери – Content Marketer во маркетинг тимот на Brainster Albania.

 

Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Здраво дечки! Јас сум Азра Имери. Во Brainster работам како Content Marketer и сум дел од маркетинг тимот на Brainster Albania. Мојата работа позиција вклучува превод на текстови, а воедно и креирање на содржини, како и нивно објавување на социјалните мрежи како Instagram, Facebook & Linkedin за Brainster Albania. Оваа работа е динамична и бара голема посветеност.

 

Како изгледа еден твој типичен работен ден?

Мојот типичен ден на работа е предизвикувачки, но тоа ме мотивира уште повеќе. Го започнувам денот со правење на распоредот и обележување на задачите кои треба да ги завршам во текот на денот. Откако ќе ја направам секојдневната анализа и ќе го организирам истото, почнувам со преводи на текстови и ги едитирам истите. Типичниот ден на еден Content Marketer вклучува и многу размислување на нови активности и содржини, и понатаму следи реализација на истите. 

 

 

Што правиш во слободно време? Дали имаш некое хоби?

Слободното време е најубавиот дел од мојот живот каде што имам простор за себе и да го слушам мојот внатрешен глас. Јас сум “nature lover” со целосно значење на зборот и во слободно време сакам да планинарам. Исто така, имам страст кон спортот и играњето одбојка. Моето слободно време, исто така го поминувам и со моите другарки и другари правејќи разни активности. Да не заборавам, да ги споменам книгите кои се огромен дел од мојот живот и желбата за посетување на нови места и држави. 

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Brainster е организација која ги цени вработените и исто така помага при балансирањето на приватниот и професионалниот живот. Ова е една од најизненадувачките и најубавите работи кои Brainster ги нуди, па затоа сум среќна што сум дел од таква организација. Brainster, покрај тоа што ни помага во професионалниот раст, исто така игра важна улога во личниот раст на многу различни начини. So, who doesn’t want to be a part of Brainster? 

 

 

За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Да бидеш дел од Brainster значи да имаш поддршка на секој чекор! Изненаденa сум од тоа колку поддршка им нуди Brainster на своите вработени. Лично имам прекрасно искуство со оваа организација и моите колеги. 

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!