Кариера во глобалните компании Google, Airbnb и Meta за многумина е недостижен сон. Но, за најпознатата македонска UX дизајнерка Нина Геометриева се реализирани ангажмани во нејзиното професионално портфолио. 

Со талент, постојана љубопитност и упорност, оваа самоука дизајнерка успеа да се издвои од илјадници конкуренти и да стане прв избор на овие ИТ-гиганти.

Како изгледа и што содржи порфолиото на Геометриева? Кои се најзначајните проекти кои ги претставува на интервју за работа? Како го презентира сработеното? Како се стигнува до работа во Инстаграм, Google Pay и Google Maps? Како е да се биде дизајнер во GenAI тимот на Meta? 

Ова се само дел од прашањата на кои одговори Нина на инспиративниот мастер-клас, кој деновиве се одржа во организација на Brainster & Brainster Next College во Скопје. 

 

 

Настанот, кој е во рамките на заложбата на првиот практичен ИТ-факултет на студентите да им обезбеди мотивирачки предавања на експерти од индустријата и можност за учење од најдобрите, се одвиваше во живо за студентите и професорите на Brainster Next College и на академиите на Brainster. Истиот можеше да се проследи и со регистрација на Zoom, но и на live stream на социјалните мрежи. 

Нина, чекор по чекор, гo претстави својот професионален пат, од Корчагин до Meta. 

Но, иако ова беше насловот со кој го најавивме настанот, Нина уште на почетокот откри дека има нов, голем пресврт во нејзината кариера:

„Ова повеќе не важи. Пред една недела дадов отказ во Meta, и прифатив нова работа како дизајнер во Apple. Официјално стартувам во март. Ќе бидам првата жена во дизајнерскиот тим на iOS на Apple! Патешествието продолжува…“

 

 

Од Скопје, преку Сингапур и Токио, до САД

Нина Геомоетриева е родум од Скопје. Првите дизајни ги направила за нејзиниот бенд за експериментална музика „Дисфилхармонија“. Всушност, интересот за дизајн ѝ се родил токму креирајќи постери и дизајни за промоција на настани на бендот. Напорната работа, уникатниот пристап, креативноста и самоувереноста, ја носат до најпрестижните компании. Изминативе 10 години гради импресивна кариера како графички и UX дизајнер во Сингапур, Токио, Њујорк, а од пред некое време е со адреса во планинските предели на Вајоминг, САД. Има работено за Google, како продукт дизајнер на Google Pay и на Google Maps. На почетокот на 2022 година стана дел од тимот на Instagram. Последен ангажман ѝ е во специјалниот Generative AI тим во Meta. Таму, меѓу другото, го креира логото за вештачка интелигенција, што се користи на Facebook, Instagram, Messenger и  WhatsApp. Од неколкуте предлози за оваа апликација, Марк Закенберг го избрал токму решението на Геометриева.

Нина првпат, пред студентите на Brainster Next College и на Brainster, јавно ги разлиста слајдовите на нејзиното порфолио и им даде совети како да креираат портфолио за конкурирање во Google и Meta, какви проекти треба да имаат за да ги заинтересираат копаниите и како најдобро да го презентираат својот дизајнерски капацитет? 

 

 

„За еден дизајнер да најде добра работа не се пресудни ниту дипломата, ниту резимето (бидејќи тие покажуваат дека има некаков потенцијал), туку порфолиото! Тоа е директен доказ дека може да постигне некои работи. Доказ какви вештини има и колку е добар. Заради тоа порфолиоето е многу важен дел во секој процес на вработување. Портфолиото е збир од форми и приказни. Тоа зборува за дизајнерот, кога тој не е во можност да се обрати. Тоа е првата слика за неговата работа, но и клуч дали ќе го добие следниот ангажман“ –  рече Нина.  

Таа истакна дека во големите компании прават два типа на интервјуа: портфолио review, каде што кандидатот го презентира своето портфолио и вториот – onsite интервју, каде  што се прави разговор,со фокус повторно на портфолиото. 

„Многумина се интересираат како течеше интервјуто за работа со Apple. Прво почна со review на моето портфолио, потоа разговор со дизајн менаџерот, па со целиот тим,  и на крај со сите од дизајн тимот, поединечно. И покрај тоа што се многу важни и решавачки интервјуата, сепак тие се мал дел. Портфолијата се најголемиот дел. Значи, за да аплицирате за работа во компанија како Apple,  мора да имате одлично портфолио. Тоа е првиот начин на кој те запознаваат како дизајнер“.

 

 

Зошто Apple?

Разгледувајќи го нејзиното портфолио, таа рече дека нејзината кариера има необичен пат, со три фази: Form, Form & Funktion и Form & Funktion and Scale. Во презентациите обично додава еден слајд посветен на тоа зошто е заинтересирана за компанијата во која аплицира. Вели дека било очигледно, кога требало да одговори на прашањето зошто еден дизајнер би сакал да работи во Applе?

„Apple ја почна целата индустрија, а и UX дизајнот почна од тука. Во оваа компанија имаат работено легендарните: Дон Норман, кој се смета за таткото на UX дизајнот, Џони Ајви, (кој ми е омилен), кој го има почнато проектот за iPhone, iOS и целиот тој екосистем и Стив Џобс, кој иако не беше дизајнер, имаше пасија и осет за дизајн. Отсекогаш ми било сон да работам со најдобрите дизајнери во светот, каде што дизaјнот е најважен. Ќе бидам во iOS тимот со 10 дизајнери, каде што тие се главни. Сѐ осмислуваат сами и тие им даваат насоки на инженерите. Јас ќе бидам првата жена во овој тим“.

 

 

Sneak peek во портфолиото на Нина

Портфолиото на Нина има четири значајни проекти кои ги спомува при интервјуата за работа: Instagram GenAI, Google Challenges, Instagram Gifting  и Personal work. Но пред тоа, има едно кратко видео од 20 секунди, кое дава увид на тоа што има работено, а кое не се прикажува подоле во порфолиото. Тие се разновидни проекти, кои покажуваат дизајн систем, иконографија, илустрација, лични проекти и друго.

„Првиот проект е работа на Instagram GenAI. Ерата на генеративната вештачка интелигенција почна минатата година, кога доби мејнстрим популарност. За GenAI се интересирав нешто пред тоа. Алатките тогаш беа малку попримитивни, но  за неколку месеци можев да правам дизајни кои беа интересни и со кои можев да се гордеам. 

Пред околу една година Марк Закенберг најави дека главен фокус на Meta е AI. Во тој период Брет Вестерфилд, кој е лидер на тимот за дизајн во Инстаграм свика неколку дизајнери, кои имаат искусво со AI дизајн за да размислуваат на проблемот како може оваа технологија  да му помогне на Инстаграм и на корисниците на Инстаграм? Јас бев една од тие дизајнери кои четири месеци работевме на развивање на идеи. Мојот фокус беше на дизајн-системите. Почнавме многу амбиционо, да дизајнираме пет алатки,  поддржани од AI, па сфативме дека немаме многу време и намаливме на две кои помагаат за едитирање на фотката пред да ја споделиш на Stories. Така ги креиравме Restyle, која дозволува преку текст да опишете во кој стил сакате да ви се смени фотката, и Backdrop, со кој се дава можност за менување на позадината на фотографиите“ – раскажа Нина.

Во презентацијата на своето порфолио кажува и што би направила поинаку, ако има можност одново да го направи. Исто така има оставено простор и за личните проекти, за кои вели дека се задолжителни, ако сакате да покажете карактер и талент.  Како позначаен личен проект ја издвојува нејзината апликација I Love Fur од 2016 година, која беше избрана за апликацијана месецот, според магазинот The Wire. На крајот на презентацијата кажува кое било влијението на овој личен проект и какви се резултатите. 

 

 

Како до идеално портфолио?

На мастер-класот Нина посвети внимание и на најчесто поставуваните прашања за креирање идеално портфолио: 

 

  • Во кој формат да го ставам портфолиото?

-Најчесто се користат веб-сајтови, PDF и слајдови. Предноста на веб-сајт е што со него имаш многу контрола и можност да се изразиш, но треба да внимаваш на многу детали и на оптимизацијата на уредите и пребарувачите. Портфолијата на веб-сајтовите често имаат проблем и со loading, што одзема многу време. PDF не се баш добра опција за UX дизајнери, каде што треба да се покаже интеракција, видео, движење, анимација, бидејќи доста е ограничувачки. Слајдовите се супер опција!


  • Дали едно порфолио за сите апликации за работа, или треба да се подготват различни?

– Одговорт зависи од тоа во која фаза од кариерата си и каде аплицираш. Ако си на почетокот на кариерата и аплицираш во стотици/илјадници компании, не можеш да направиш наменско портфолио за секој. Но, понатаму во кариерата, како го градиш своето име во областа имаш повеќе избор каде ќе конкурираш и имаш интервјуа за работа, тогаш потруди е да направиш наменско  портфолио, колку што можеш и да ја фатиш униканата цака на компанијата.

.

  • Што се преферира повеќе, текст или слики?

-Слики! Колку што е можно повеќе. Луѓето не читаат текст, особено долги написи. Зависи од форматот на презентацијата. Ако презентираш портфолио, не мора да имаш воопшто текст. Но ако портфолиото е наменето за некој ќе го разгледа подетално, без твојата нарација, тогаш ќе треба да додадеш малку текст за контекст. Но, не претерувај!

 


 

  • Каков темплејт користиш за проектите?

-Никаков! Секој проект си е своја приказна. Теплејтите  може да ти помогнат со идеја, но немој слепо да ги следиш. Самиот процес нема да се отслика во темплејтот и до некаде портфолио-презентација не е само префрлање информации, туку е и перформанс, треба да е интересно. Не може да е интересно ако е изработено како што другите го направиле.


  • Дали се стават лични проекти во портфолиото?

-Да, задолжително! Барем на крајот да вклучиш лични проекти со кои што се гордееш. Идејата е да покажеш карактер. Да покажеш предприемнички дух, како размислуваш и кои ти се максимум капацитетите како дизајнер. Бидејќи на почетокот на кариерата не можеш да покажеш колку си добар како дизајнер преку примарните проекти, бидејќи немаш може за преговарање, да се избориш за најдоброто решение и правиш многу компромиси. Секоја кариера почнува со многу компромоси. Идеално стигнува  до ниво , кога не мора да правиш толку компромиси.


  • Смееш ли да додадеш тајни проекти?

-Никако! Еднаш, кога бев на интерву за работоа во Google, додадов еден confidential проект. И ме искараа. Сега сфаќам зошто, бидејќи ако сум ставила проект од друга компанија, има шанси тоа да го направам и со проекти од Google, кога би одела на интервју на друго место. Големите компании не сакаат да се покажуваат нивни доверливи проекти во други компании.

 

Следното пребарување на Google, постирање на стори на Instagram и во иднина, при секој апдејт на iOS на Apple, не заборавајте дека на него работела Нина, девојката од Скопје, која успеа со исклучителен талент, раскошна креативност и самоувереност да добие работа во компаниите за кои секојдневно аплицираат илјадници врвни дизајнери.  Понекогаш храброста и уникатоста се клучни во оставрување на својот сон.

 

Направи го најзначајниот чекор кон карирата од твоите соништа.

Совладај ги најбараните вештини и направи трансформација во најбараните професии.

Со Brainster+ отсега на нашите академии ти нудиме плус + 20 курса за поголема предност при вработување.

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.