„Градиме свет кој ќе функционира подобро за сите. Kin + Carta е место за луѓе кои не само што работат брилијантна работа за глобалните брендови туку и кои постојано поттикнуваат позитивни промени преку иновации. Не повикуваме само на моќна дигитална трансформација – ние ја живееме“.
Овој цитат на интернационалната консултантска организација Kin + Carta, најдобро ја опишува заложбата за модернизирање и континуиран раст.
Компанијата која им помогна на илјадници клиенти да остварат успешна дигитална трансформација, поминува низ значајна трансформација – ја ребрендира добропознатата софтвeрска компанија Melon, која сега е Kin + Carta!
Додека светот беше фокусиран на најголемиот светски ребрендинг на социјалната мрежа Тwitter во X, анализирајќи ги предностите и негативните страни, Melon се искачи на следното ниво со тоа што стана нова дестинација на Kin + Carta во Скопје. Оваа интернационална компанија за дигитална трансформација, основана пред речиси 60 години има главни седишта во Лондон и во Чикаго, и е со канцеларии стационирани на три континенти. Компанијата е посветена на работата со клиентите за изградба на свет кој ќе функционира подобро за сите. Со 2.000 консултанти, инженери и научници за податоци низ целиот свет, кои ја носат сврзната моќ на технологијата, податоците и искуството на највлијателните компании во светот – помагајќи им да ја забрзаат својот пат на дигитализација, брзо да се иновираат, да го модернизираат нивните системи, оспособувајќи ги своите тимови и оптимизација за континуираниот раст.
Минатата година Kin + Carta го послуша својот најзначаен консултански совет, кој им го дава на своите клиенти, и го засили својот тим со талентирани и добро обучени осум алумни-студенти од водечката едукативно-технолошка организација Brainster.
Управниот директор на Kin + Carta во Скопје, Петар Баковски, истакнува дека партнерството со Brainster е взаемно корисна соработка, која овозможува раст и посеопфатно образование и експертиза.
Неодамна Melon се ребрендираше во Kin + Carta, по завршување на интеграцијата, може ли со неколку зборови да ни ја претставите компанија, на што работите и што е она што ве издвојува од останатите на пазарот?
Повеќе од година и половина Melon беше дел од Kin + Carta и официјално се ребрендиравме овој октомври. Kin + Carta е глобална консултантска компанија за дигитална трансформација и нашите 2.000 консултанти, инженери и креативци, експерти во својата област, работат на софтверски решенија за подобрување на дигиталното присуство на клиентите како и за поттикнување на дигиталната трансформација и иновациите.
Како компанија која е B Corp сертифицитана, што значи дека сме подеднакво посветени на луѓето, планетата и перформансите на компанијата, фокусирани сме на тоа да работиме заедно со нашите клиенти за да изградиме свет кој ќе функционира подобро за сите.
Проактивен став, тимски дух, желба за постојано учење и развој
Со Brainster соработувате една година. Што ве мотивираше и кои ви се очекувањата од ова партнерство?
Нашата мотивација за партнерство со Brainster беше да го поддржиме знаењето на студентите преку менторство од нашите експерти, да им обезбедиме поширок опсег на можности и со тоа да можат полесно и побрзо да бидат спреми за комерцијални ангажмани на нашиот пазар. Очекуваме ова партнерство да донесе нови искуства за учење и проширен пристап до знаење за студентите, кои се всушност и потенцијални наши колеги. Тоа е заемно корисна соработка, која ни овозможува да растеме и да обезбедиме посеопфатно образование и експертиза.
Досега осум студенти од Brainster станаа дел од вашите тимови. Какви квалитети и вештини забележавте кај нив, кои им помогнаа да се истакнат за време на процесот за вработување?
Покрај солидната основа на знаење, забележавме бројни квалитети и вештини кои им помогнаа да се истакнат за време на процесот на вработување. Овие квалитети вклучуваат проактивен став, одлични вештини за тимска работа, приспособливост и подготвеност за постојано учење и развој. Нивната обука од академиите на Brainster ги опремува со практично знаење и вештини од реалниот свет, кои се од големо значење и придонес за нашата организацијa.
Менторства од искусни професионалци
На кој начин им помагате и ги поддржувате младите таленти кариерно да напредуваат?
Ние нудиме менторства од искусни професионалци кои им даваат вистински насоки на помладите таленти. Дополнително, обезбедуваме постојана обука и можности за развој на вештини, како преку внатрешни ресурси, така и преку надворешни курсеви или работилници. Ги охрабруваме помладите да преземат предизвикувачки проекти кои им нудат можности за учење и развој. Редовните проценки на нивните техничките решенија дополнително им помагаат да ги разберат нивните силни страни и областите каде им треба подобрување. Исто така, дружењето и соработката со искусни членови на тимот им овозможува да стекнат дополнителни вештини и да изградат своја професионална мрежа. Нашата цел е да создадеме средина ориентирана кон поддршка и раст каде што нашите вработени ќе можат да напредуваат во рамките на нашата организација.
Колку и како ваквите партнерства помагаат во креирање на позитивно влијание на индустријата?
Помагаат, и тоа на многу начини. Академиите им овозможуваат на студентите пристап до свежо знаење од областа на ИТ, како и можност да истражуваат нови технологии и методологии на работа, што ни помага да останеме на врвот на индустријата. Преку овие партнерства, имаме можност да идентификуваме и регрутираме талентирани студенти и професионалци кои можат да станат дел од нашиот тим. Ова дополнително го зголемува потенцијалот и квалитетот на персоналот на компаниите. Ова партнерство ни овозможува и дополнителен увид во истражувањата, статистиките и трендовите на пазарот. Исто така, има позитивен социјален ефект, бидејќи помага да се развие образованието и експертизата во локалните заедници.
Brainster Next ќе донесе квалификувана ИТ-работна сила
Покрај соработката со академиите на Brainster, ова партнерство отвора можност и за колаборација со првиот практичен ИТ-факултет во Македонија – Brainster Next college. Ако се земе предвид заложбата на факултетот студентите да добијат пракса преку работа на реални проекти, за реални компании од индустријата, какви се вашите очекувања од Brainster Next college?
Веруваме дека Brainster Next college ќе произведе дипломци со практични вештини кои се директно применливи во ИТ-индустријата. Ова добро се усогласува со нашите потреби за таленти кои лесно и ефективно можат да придонесат уште од првиот ден. Факултетот треба да поттикне иновации преку охрабрување на студентите да се справат со предизвиците на индустријата во реалниот свет. Овој пристап може да доведе до развој на креативни решенија и нови технологии кои имаат корист и за студентите и за индустријата.
Со нетрпение очекуваме блиска соработка со Brainster Next college и можност директно да се вклучиме со студентите. Ова подразбира менторство, пракса или дури и проектни соработки, помагајќи ни да ги идентификуваме квалитетните кандидати. Brainster Next college има потенцијал да придонесе за раст на квалификувана ИТ-работна сила во земјата. Ова не само што им користи на компаниите, туку и го зајакнува целокупниот ИТ-екосистем во регионот.
Дали ваков тип на партнерство би препорачале и на други компании?
Апсолутно, особено ако компаниите се заинтересирани за зголемување на нивното влијание и перформанси во индустријата, за зголемен пристап до таленти, иновации и креативност, подобрување на репутацијата, образование и обука и секако општествено влијание.
Бидeте дел од иднината и соработувајте со Brainster преку платформата за партнерства! Kонтактирајте нѐ на [email protected]