Глобални искуства што можат да помогнат да изградите кариера за новата ера, не само на локалниот пазар, туку каде било во светот се само дел од знаењата што предавачите со интернационален кредибилитет ги споделуваат со студентите на Brainster+ курсевите. Десетици земји, компании, меѓународни проекти и универзитети се наоѓаат во портфолијата на овие извонредни предавачи.
За дел од вештините што можат да се научат со овој пакет од 20 курса во Македонија не постојат стручни лица. Имајќи предвид дека се работи за знаења клучни за кариерен напредок или за целосна трансформација, Brainster ги ангажира овие инструктори, како истакнати експерти во своите области, од интернационалниот пазар.
Brainster, како водечка едукативно-технолошка организација, во рамките на новата образовна програма Brainster+ на сите академии нуди пакет од 20 курса со вештини за поголема предност на пазарот на трудот, затоа што стандардната академија повеќе не е доволна за остварување целосна кариерна трансформација. Отсега на Brainster+ академиите е достапен пакет со 12 вештини за вработување, шест напредни технички вештини и два курса со вештини за AI. Станува збор за вештини кои не само што ќе го забрзаат патот до кариерната трансформација, туку ќе им дадат на студентите повеќе можности при вработување и ќе ги направат релевантни за работните места каде што се користи вештачката интелигенција.
Во основата на програмите на Brainster+ академиите се предмети кои се во тек со барањата и на индустријата. Важен фактор во подготовката на студентите за работа на глобалниот пазар е внимателно избраниот тим од интернационални професори и експерти, како и тимови на успешни компании. Овие професионалци ги пренесуваат своите знаења и практики, кои ќе им помогнат на студентите во лансирање на своите идни кариери.
Курсеви за подобрување на лидерските и личните вештини
Уникатна можност е што Brainster+ курсевите ги креираат професори и експерти со долгогодишно меѓународно искуство. Еден од нив е Даниел Богнер – експерт од Австрија со 25-годишно искуство, кој моментално е консултант на австриската агенција за природна средина која учествува во имплементацијата на Националната еколошка стратегија на Косово. Тој веќе е професор на Академијата за лидерство и менаџмент на Brainster. Неговата експертиза е биодиверзитетот, управувањето со природните ресурси и градењето капацитети. Во едукативниот пакет Brainster+, Богнер ги води курсевите за лидерски вештини (Leadership Skills) и за лични вештини (Personal Skills).
Користејќи ја својата опсежна основа на надгледување и раководење проекти со голем број луѓе, тој на студентите ќе им даде насоки за водење, мотивација на тимот, развивање визија, носење стратешки одлуки, комуникација и разбирање на потребите на луѓето под нивно раководство. Во тесна поврзаност со овој курс е и тој за лични вештини. Преку него студентите ќе добијат упатства и примери како да ги подобрат своите лични вештини. Ќе научат како ефективно да комуницираат со другите во различни лични и професионални контексти.
Подобрување на лидерските способности со помош на невронауката
Невролидерство е мека вештина за која во глобални рамки има сè поголем интерес. Се смета дека нејзиното совладување им дава значителна предност на кандидатите при вработување. Преку овој курс студентите ќе ја разберат функцијата на мозокот и како таа влијае врз човечкото однесување во организациите. За да ги доближи овие знаења, Brainster го ангажира меѓународниот експерт Александрос Психогиос, кој ќе го води курсот Neuroleadership (Brain Adaptive Leadership) во рамките на програмата Brainster+. Психогиос има богата академска заднина што опфаќа дипломи од универзитетите во Атина, Јорк и во Ворвик. Тој е специјалист за меѓународен менаџмент на човечки ресурси, лидерство, невронаука и сложеност и менаџмент на перформанси. Неговото огромно искуство вклучува и улога на визитинг-професор во Кипарскиот меѓународен институт за менаџмент (CIIM), научен соработник во Истражувачкиот центар на Југоисточна Европа (SEERC). Како признание за неговата извонредна работа на Кризното лидерство, тој ја доби наградата на Универзитетот „Бенедиктин“ за извонредна истражувачка работа. Својата експертиза ќе ја пренесе на курсот Neuroleadership (Brain Adaptive Leadership), чија цел е да ја зголеми свеста и да им помогне на професионалците да ги развијат своите лидерски способности со фокусирање на применетите знаења кои доаѓаат од невронауката.
Предавања од пионерот во невромаркетингот
Со напредните технички вештини се добива поширок спектар на знаења, со што ќе се отворат повеќе можности при вработување. Отсега со Brainster+ секоја академија ќе биде дополнета со пакет од пет, односно шест, напредни технички вештини, соодветни на програмата. Во овој пакет се застапени најбараните и најактуелни курсеви меѓу идните маркетери, Neuromarketing и The Neuroscience of Persuasion: Influence Consumers Positively, кои ги предава д-р Николаос Димитриадис. Преку нив студентите ќе се запознаат со принципите на невромаркетингот.
Оваа област користи принципи, методи и технологии од невронауката за да им помогне на маркетерите да ги проучуваат реакциите на мозокот и телото на потрошувачите додека тие се изложени на маркетинг-стимули за подобро да го разберат и предвидат нивното однесување. Димитриадис е истакнат професионалец со дводецениско искуство во областа на невронауката, бизнисот и образованието. Како наградуван професионалец за комуникации, автор, едукатор и консултант, тој остави неизбришлива трага на теренот. Со импресивно портфолио, вклучително и скенирање на над 8.500 мозоци на глобално ниво за цели на невромаркетинг и NeuroHR, коавторство на познати книги и соработка со меѓународни брендови, Димитриадис стои во првите редови на пионерските истражувања за невромаркетинг и NeuroHR. Моментално работи како раководител на невроконсалтинг-услуги во Optimal HR Group.
Домашни специјалисти со меѓународни кариери
Дел од програмата Brainster+ е и пакетот со вештини што обезбедува полесен пат до вработување. Овој пакет, кој содржи 12 курса, меѓу другото, ги вклучува и курсевите Креативност, дизајн размислување и иновации, Комуникациски вештини, Интерперсонални вештини, Емоционална интелигенција (EQ) и Основи на NLP (Невролингвистичко програмирање) чии предавачи се домашни специјалисти со меѓународно искуство.
Ивана Каралиева, која има долгогодишно искуство како продукт-менаџер во Шведска и моментално е извршен директор на Boksy, го предводи курсот Креативност, дизајн, размислување и иновации. Со своето опсежно интернационално познавање на областа на продуктниот менаџмент, Каралиева споделува знаења со кои студентите ќе можат да си постават јасни цели, кристална визија, како и аплицирање дизајн-размислување во секој аспект од нивните проекти. Овој курс овозможува значително зголемување на квалитетот во секојдневната работа, како и достигнување висок степен на задоволство кај клиентите.
Викторија Јордановска е специјалист за човечки развој, коучинг за лидерство и стратешки консултантски услуги. Со повеќе од 20 години искуство во 30тина земји во светот таа се истакнува во управувањето со проекти, градење партнерства и координација на меѓународни настани. Како основач на Виенската меѓународна академија на NLP (Neuro Linguistic Programming), таа обучува поединци и тимови да постигнат врвни перформанси преку системски коучинг и искуствена обука. Во Brainster+ програмата е вклучен курсот Основи на NLP (Невролингвистичко програмирање) на Јордановска, каде студентите ќе научат клучни лидерски вештини како што се ефективна комуникација, постигнување резултати и самоуправување. На овој курс студентите ќе се вклучат во серија предизвици дизајнирани да ја подобрат својата свест за тоа како функционира човечкиот мозок, како ја креираме нашата реалност и како се поврзуваме со себе и со другите. Студентите ќе го научат оригиналниот НЛП, како што го предава еден од неговите основачи – д-р Џон Гриндер. Создаден како високо искуствен, овој курс ќе ве подготви веднаш да ги вклучите специфичните учења во вашиот живот и на тој начин да ги подобрите вашите перформанси.
Ирена Јакимова, која се едуцирала на Универзитетот во Шефилд и била дел од меѓународни тимови како UNDP и агенцијата McCann Erickson, ќе биде инструктор на курсевите Интерперсонални вештини и Емоционална интелигенција. Во текот на курсот што таа ќе го предава студентите ќе имаат можност подетално да се запознаат со главните типови интелигенција што ги поседува човекот. Во фокус се емоциите и основните компоненти на емоционалната интелигенција: препознавање на сопствените емоции, учење како тие да се изразат и да се регулираат, препознавање на емоциите на другите, како и соодветно однесување. Врз основа на долгогодишното искуство, Јакимова со студентите ќе сподели и како да ја измерат емоционалната интелигенција во современиот професионален свет и како да ја проценат емоционалната агилност.
Ивана Дојчиновска-Стојановиќ, експерт од областа на човечките ресурси со опсежно искуство како HR-директор во мултинационални производствени и банкарски организации, ќе биде предавач на курсевите Комуникациски вештини. Студентите ќе имаат можност од неа да дознаат како да ги надградат своите комуникациски вештини. Дојчиновска-Стојановиќ ќе го сподели своето меѓународно знаење и ќе пренесе кои се основните принципи на ефективна комуникација и како тие успешно се применуваат во лични и во професионални средини. Со овој курс студентите ќе ги откријат деталите и финесите на врвната комуникација, а ќе научат и различни стилови на интеракција и пристапи за создавање конекции и проширување на личната мрежа на професионални контакти.
Дипломци на Компјутерски науки со интернационално искуство
Бојан Поповски, кој има дипломирано Компјутерски науки, зад себе има богато над 10-годишно искуство со работа во интернационални компании. Во моментов е ангажиран како веб-девелопер во Koelnmesse GmbH. Во рамките на Brainster+ програмата тој стои зад курсот Теорија на софтверско инженерство. На овој курс се открива улогата на софтвер-инженерите во процесот на развој на софтвер и различни модели на животниот циклус на развојот на софтвер (SDLC models), софтверски побарувања (requirements) и создавање софтверски дизајн користејќи се со применети дизајн-принципи и патерни.
Магдалена Силјаноска Спинола, која исто така има дипломирано Компјутерски науки, има над петгодишно искуство во работа со интернационални компании како софтверски инженер. Таа го подготви курсот Напредно програмирање во PHP и Laravel. На нив студентите ќе совладаат градење real-time веб-апликации користејќи Laravel, притоа креирајќи динамични и колаборативни апликации, вклучувајќи broadcasting, live chat, нотификации и напредни техники на тестирање.
Огнен Бендевски, кој има дипломирано Компјутерски науки, веќе 10 години работи како софтверски инженер и консултант во Германија. Тој има богато искуство со работа во интернационални компании, а моментално е фронтенд/ мобилен софтвер-инженер и консултант во Хамбург. Тој го предава Brainster+ курсот React Native за развивање мобилни апликации со ReactJS за iOS и Андроид, затоа што светот се ориентира кон mobile, а ние треба да го следиме.
Подготви се за твојата кариера од соништата учејќи од експерти со интернационално искуство. Со Brainster+ отсега на нашите академии ти нудиме плус 20 курса со напредни технички вештини, вештини за вработување и AI вештини, за поголема предност на пазарот на трудот.