Запознај го Душан Хаџи-Василев – Dream Team студент на Академијата за Full-stack програмирање за јуни 2024.
Мојата позадина е…
Имам завршено Електротехнички факултет, со голем ентузијазам, страст и искуство во областа на информациско-комуникациските технологии од најрана возраст.
Областа ја избрав затоа што…
Ме инспирираше желбата да научам за функционирањето на веб-апликациите во позадина и за процесот на развој на целосна веб-базирана апликација (front-end дел и back-end дел).
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Само учи, работи и биди трпелив, резултатите ќе дојдат сами по себе. Во оваа област е потребно добро планирање и структурирање пред да започнеш со пишување код, за да се постигне подобра оптимизација и читливост.
Најгорд сум на…
Горд сум на сите мои достигнувања во академијата, особено на практичната примена на наученото. Секој проект и задача значително придонесоа за мојот професионален развој.
Мојот омилен модул е…
Тешко ми е да издвојам, сè што учиме е сложена мрежа каде секој дел е неопходен за добро функционирање на веб-страната или апликацијата. Но, ќе го нагласам модулот PHP, бидејќи во него е сместена позадинската логика на динамичните веб-страни и апликации.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Искрено, сите. Секој инструктор си има свој удел, зависно од модулот кој го предава. Но, ако издвојувам, тоа би бил Марјан Ралевски, пред сè заради длабинското објаснување на материјалот и давање корисни совети за идно надградување на знаењето.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Изучувањето на оваа област ми отвори нови перспективи со стекнатите знаења и корисни совети од инструкторите и менторите. Истовремено, ми го подобри начинот на приод и решавање на проблемите, како и менаџирањето на времето за да се реши една задача.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Бидете смели, максимално посветени и дадете сè од себе. Учете секојдневно, прашувајте, внимателно истражувајте и секогаш трудете се да ја разберете суштината на материјата што ја изучувате. Со тој пристап, резултатите се неизбежни.
„The expert in anything was once a beginner“
