Запознај го Наум Бебекоски – Dream Team студент на Академијата за Front-end програмирање за август 2024.
Мојата позадина е…
Јас сум студент и истовремено работам во компанијата HoyoTech како Front-end Developer.
Областа ја избрав затоа што…
Уште од мали нозе имав голем интерес кон видео игрите, што всушност и беше мојот почеток за насочување кон ова поле.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Тоа дека треба да бидеме многу упорни и посветени на работата која ја работиме.
Најгорд сум на…
Најгорд сум на тоа што сум прогласен за Dream Team студент.
Мојот омилен модул е…
Мојот омилен модул беше React.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Инструкторите кои најпозитивно влијаеја на мене беа Огнен Бендевски и Емилија Јанакиевска.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Академијата навситина многу му помогна да се усовршам во работата која ја работам и придонесе за мојата кариера.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Мојот совет до идните студенти на Бреинстер е никогаш да не се откажуваат од своите соништа.