Запознај ја Маја Каралиоска – Dream team студент на Академијата за Front End програмирање за април 2024.

Мојата позадина е…

Магистер по казнено правни науки.

Областа ја избрав затоа што…

Љубовта кон технологијата и креативноста ме инспирираа да се вклучам во Front End Development.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Истрајноста и напорот се клучни за успехот.

Најгорда сум на…

Тоа што успеав да го завршам еден од најпредизвикувачките проекти на Академијата во предвидениот рок и со одлични резултати.

Мојот омилен модул е…

React.js ми е омилен модул поради големата функционалност и флексибилноста во развојот на кориснички интерфејси.

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Иван Јасенов.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Академијата го обогати моето знење и го засили моето портфолио. Преку активно учење и поддршка од инструкторите, стекнав важни вештини во Front End Development, што ми даде предност на пазарот на трудот.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Никогаш да не престанат да учат. Бидете активни во вашето учење, истражувајте, развивајте се и никогаш не се одрекнувајте од можностите за напредок и развој.


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за Front-end програмирање.