Запознај го Ален Кадриески – Dream Team студент на Академијата за Front-end програмирање за јуни 2024.
Мојата позадина е…
Студент на Фармацевтски факултет во Скопје, без претходни познавања од ИТ технологии.
Областа ја избрав затоа што…
Првичниот интерес за посветување на работа во ИТ секторот произлезе од мојата желба за флексибилно работно време и можноста за работа од дома. Кога открив дека со програмирање можам да создадам кориснички интерфејси кои луѓето секојдневно ги користат, веднаш знаев дека Front-end е делот од ИТ на кој сакам да се посветам.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Важноста на постојаното учење и адаптација. Технологиите и алатките постојано се менуваат и надоградуваат и како програмери, треба да бидеме подготвени да учиме нови работи и да ги применуваме во нашата работа.
Најгорд сум на…
Хакатонот, каде што заедно со мојот тим успеавме за 48 часа да изработиме проект за реален клиент. Овој настан ни даде можност да ги примениме сите научени вештини во пракса, работејќи под притисок и во соработка со други талентирани колеги. Позитивните реакции од клиентот беа огромно признание за нашата работа и посветеност. Ова искуство ми покажа колку можам да постигнам кога работам во мотивиран и креативен тим.
Мојот омилен модул е…
React. Со изучувањето на React сѐ она што го научивме во модулот JavaScript стана многу поедноставно.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Тешко е да се одлучам.. Инструкторите Огнен Бендевски и Павел Петрушевски се, подеднакво „виновни” за мојот успех.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Академијата ми помогна да ги усовршам моите технички вештини и ми даде самодоверба да аплицирам за работни позиции во областа на Front-end технологиите.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Бидете подготвени да вложите време и напор, верувајте декa ќе ви се исплати. Изработувајте ги сите задачи, учествувајте во дискусии на часовите, кога имате сѐ изработено, не губете време и побарајте дополнителни задачи од менторите, ќе добиете.
You miss 100% of the shots you don’t take.