Опсесивната грижа за студентите и партнерските компании продолжи во полна пареа и во месец јули. 24 наши студенти се вработија во повеќе од 20 странски и домашни компании, а во текот на Академиите како дополнителен предизвик за да се подобри нивното искуството и нивниот процес на учење, се изработија 7 реални проекти.

Дел од нашите и интернационалните компании каде што студентите почнаа да ја градат својата кариера и да чекорат во ИТ светот се следниве: The Bright Box, Allocate, Outsourcico, Support & Solutions Center, Adbercadero, Fueloyal, TestDevLab, Publicis, EmitKnowledge, Kraftwerk, UptimeDesign, Armedia, IT Labs, Gate42, Makers, Sim Sector Studios,  LiveDOOH Signkick и многу други.

Тимот за ко-иновации и вработување посветува време и внимание како на студентите, така и на нашите партнерски компании. Преку нашите програми, сите студенти се стекнуваат со практично знаење и искуство, додека пак партнерите за ко-иновации и вработување добиваат млади таленти спремни да ја иновираат нивната компанија и проектите кои произлегуваат. 

 

 

Исто така, овој месец можеме да се пофалиме и со 7 успешни реални проекти кои нашите студенти ги изработија од Академијата за UX/UI дизајн, Академијата за Full-Stack програмирање, Академијата за Front-End програмирање, Академијата за дигитален маркетинг, Академијата за графички дизајн, Академијата за Data Science и Академијата за Software Testing. Успешноста на проектите беше резултат на тимската работа и менторство на самите Академии.

 

 

Студентите од Академијата за Data Science изработија три иновативни модели и тоа: класификатор кој ќе предвидува дали одредена слика е: selfie, outdoor selfie, indoor photo pose, outdoor photo pose за апликацијата Beautif.AI, модел за самоуправувачко возило преку кој креираа автономно возило засновано на научно истражување од Nvidia и Bank Churn Prediction модел кој ќе го предвидува однесувањето на клиентите во банка.

 

 

Во текот на месец јули беше изработен и еден интерен реален проект кој беше резултат на одлична Cross-Academy соработка помеѓу повеќе од 40 студенти од Aкадемијата за графички дизајн и Aкадемијата UX/UI дизајн. Останете со нас! Наскоро ќе имате шанса да го видите! 🙂

 



Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа