Теодора Николовска – инструкторка на Академијата за дигитален маркетинг

Најголем дел од потенцијалната публика се наоѓа онлајн. Тоа ја зголемува важноста за правилно водење на најпопуларните социјални мрежи.

На Академијата за дигитален маркетинг, преку искуството со Paid Social Media за стрaнски клиенти, ќе ве води Теодора Николовска – основач и сопственик на Vrootok, маркетинг и консалтинг. Што да очекуваат учесниците од овој модул?

На модулот за Paid Social Media, учениците на Академијата ќе се запознаат со повеќе аспекти, од кои најважни се:
– Како платените огласи се вклопуваат во целокупната маркетинг стратегија на компаниите
– На кој начин функционираат платените огласи на секој социјален медиум
– Каква е поврзаноста помеѓу платените огласи на различни социјални медиуми
– Како најдобро да се оптимизираат огласите за да генерираат најдобри резултати со ограничен буџет
– Зошто Content е тесно поврзан со Paid Social
– Поставување на таргет публики и детална сегментација, во зависност од интеракцијата на таргет групите
– A/B testing – вредноста на тестирање на перформансот на секоја реклама

Речиси секој бизнис веќе се маркетира преку paid канали. Која е вредноста што paid маркетингот ја носи?

Со промената на алгоритмите на Facebook и намалувањето на органскиот reach, paid social marketing е задолжителен за компаниите кои сакаат да ја споделат својата порака со вистинската публика и во вистинско време. Со paid marketing добивате колку што сте вложиле и лесно може да добиете мерливи резултати. На пример, доколку сакате да инвестирате 100$ на Facebook за одреден временски период, системот автоматски ќе ви даде груба пресметка на резултатите кои може да ги очекувате од конкретната кампања. Се разбира, овие пресметки не се секогаш прецизни и резултатите може да отскокнуваат од предвиденото, но сепак ќе можете да видите од прилика каков ROI ќе добиете.
Од друга страна, со органскиот маркетинг не можете да ја предвидите вредноста и успешноста на некој пост. Најголемите придобивки од paid marketing се мерливост, оптимизација и лесно следење на активностите на потенцијалните клиенти.

Работиш со странски клиенти, па сигурно постојат некои разлики помеѓу нивните побарувањата. Според тебе како треба да изгледа еден добар маркетер?

Добар маркетер е секој оној кој е постојано буден за промените што се случуваат во светот на дигиталниот маркетинг и успева лесно да се прилагоди на истите. Сите сме свесни колку брзо се развива технологијата, па следствено на тоа и во дигиталниот маркетинг секојдневно се случуваат промени од кои зависат успехот на бизнисите и клиентите кои тие ги имаат.
Од учесниците на академијата очекувам да бидат љубопитни, со отворени умови подготвени да соберат што повеќе информации и да бидат мотивирани подлабоко да ги проучуваат сите аспекти кои ќе ги покриеме на часовите.
Во маркетинг, освен креативноста, многу е важно брзо да се апсорбираат новите информации кои секојдневно ги диктираат промените на пазарот и истите да се искористат за создавање на нови идеи и креативи кои ќе резултираат со позитивни резултати.

Како изгледа еден работен ден со тимот на Vrootok?

Денот започнува со daily stand-up meeting каде секој член на тимот на кратко соопштува кои работни активности биле завршени изминатиот ден и кои работни обврски ќе се завршат во текот на денот. Се координираме во однос на приоритетот на задачите и потоа следи утринско кафе за опуштање, за никој да не биде заспан. 🙂 Потоа секој се посветува на своите работни задачи, а во текот на денот правиме неколку паузи, со цел да се освежиме, да споделиме по некоја шега и креативни идеи кои може да помогнат во развојот на компанијата.
Работниот ден во Vrootok најчесто е динамичен, бидејќи работиме на различни проекти со интересни содржини, а и самата маркетинг индустрија е со динамичен дух.

Академијата започнува на 25 февруари. Аплицирај тука 

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА