Сте присуствувале на некој од Pop-up курсевите во Brainster? Brainster-от позади нив е колешката Фросина. Како една од најдобрите студенти на Академијата за дигитален маркетинг, веднаш по завршувањето ја земавме во тим.
Денес решивме да позборуваме за нејзиното досегашно искуство во Brainster.
Вешто се справуваш со студиите по графички дизајн, креираш моќни маркетинг кампањи и успешно ги водиш Pop-up курсевите. Како ги поврза овие дисциплини за да стигнеш до кариерата која ја посакуваше?
Лесно. Динамиката и бесконечните можности за развивање на една идеја до нејзината реализација е она што поврзува повеќе области. Креирањето од “ништо-нешто” и создавањето на вредности е токму тоа што можеме да го најдеме кај дигиталниот маркетинг и кај графички дизајн.
Развиваш стратегии и пораки кои стојат позади графичкото решение и успешно спроведуваш целосни маркетинг кампањи. Кој е процесот за да се стигне до крајниот резултат?
Графичкото решение за една маркетинг кампања според мене е многу повеќе од само естетски средено решение. Она што ме интересира е пораката позади секоја креатива. Разбирањето на луѓето и нивните навики и потреби. Живееме во време во кое покрај нас поминуваат многу графички решенија кои се визуелно атрактивни, со што не е лесно да се задржи вниманието на современиот купувач. Токму поради тоа е клучно да имаме препознатлив идентитет и приказна позади она што го претставуваме.
Голем предизвик ми е креирањето вредна и релевантна содржина. Тоа е важен дел од стратешкиот маркетинг и е токму тоа на кое моментално работам. Среќна сум што сум дел од тимот на Brainster кој се состои од искусни маркетери и ми претставува вистинско задоволство што имам прилика да учам од нив.
Дигитален маркетинг како да е 2020та! Што би им порачала на сите кои сакаат во иднина да работат на тоа поле?
Дигиталниот маркетинг е дел од нашето секојдневие и процес кој не завршува. Позитивната страна на дигитален маркетинг е што е мерлив. Преку многубројните алатки за аналитика, можеме точно да видиме каде сме успешни и каде треба да интервенираме за уште подобри резултати.
Она што би порачала на идните маркетери е да истражуваат и читаат секојдневно, бидејќи дигиталниот маркетинг е во вртоглав развој, љубопитноста и континуираната информираност се клучни за еден успешен млад маркетер. Тоа е она што не држи во чекор со актуелностите и ни дава простор да се развиваме во ова поле.
Следните групи студенти на Академијата за маркетинг започнуваат во март. Уписите се во тек.