Започнуваат уписите за следните Академии за дигитален маркетинг и програмирање во Brainster

Апликациите за следните групи студенти кои ќе учат дигитален маркетинг и програмирање се отворени, а Академиите ќе започнат во месец март и април.

За да се намали недостатокот помеѓу она што го бараат компаниите и  недостатокот од дигитални практични вештини, програмите во Brainster се фокусирани на стекнување вештини кои се веднаш применливи на работното место. Ефикасноста се должи токму на работата на реални проекти и изработка на реални апикации кои можат веднаш да се вметнат во професионално портфолио.

Ги креиравме овие програми бидејќи се дел од најбрзо растечка индустрија, а талентите кои знаат програмирање и дигитале маркетинг  моментално се најбарани на пазарот на труд.

Академија за дигитален маркетинг

Преку работа на вистински маркетинг кампањи, студентите ќе учат за: Facebook Аds, Google Аds, Digital PR, Search Engine Optimization, Google Analytics, Email Marketing, Gamification, Landing Pages, Growth Hacking, итн. Под менторство на едни од најискусните маркетери во Македонија, студентите постојано ќе добиваат фидбек за нивната работа.
Ќе научат 20+ алатки кои ќе ги користат за реализација на нивните идни кампањи. Преку комбинација од индивидуална и тимска работа во блиска соработка со менторите ќе изработата неколку готови проекти кои ќе ги вметнат во нивното ново портфолио како маркетери.

Види ја програмата и аплицирај тука. 

Академии за програмирање

Секоја поединечна програма, за Web програмирање или Front – end програмирање, започнува со 4 недели посветени на основите на програмирањето. Потоа учесниците ќе преминат на примена на наученото со изработка на реален продукт. Преку работа во тимови, учесниците ќе изработат 3 реални апликации за време на Академијата.

Програмите се базираат на последните вештини и технологии кои се применуваат во IT компаниите.

На крајот од Академијата, тимот за кариерно советување на Brainster ќе биде целосно посветен на зајакнување на сите аспекти од (идната) кариера на студентите.

Види ја програмата и аплицирај тука. 

Целта е најмалку 95% од учесниците да започнат со работа во маркетинг агенции, IT компании или во своја компанија не подоцна од 6 месеци по завршувањето на некоја од Академиите. Програмите се наменети за сите кои сакаат да започнат сопствен бизнис, или да започнат нова дигитална кариера, да работат за стартап, маркетинг агенција или голема компанија.

Програмата е ефикасна токму поради работата на реални проекти. Учесниците ќе се стекнат со конкурентска предност на пазарот на труд преку сетот на способности кои се добиваат преку интерактивните работилници.

Како до 1.000.000€? 🤫