Беше дел од Академијата за маркетинг, по завршувањето на програмата се вработи како copywriter во Futura 2/2.

Направи совршен спој од вештини и ја насочи креативната енергија кон дигитален маркетинг, а во моментов работи на мултимедијални проекти. Ние сме горди на тебе! 🙂

Уписите се во тек, види програма тука.

 

Здраво Јосип, претстави ни се!

Hello world! Дипломиран правник во огромна љубов со Аdobe Premiere Pro и видео едитингот, книжевен ентузијаст, од неодамна запловен во водите на дигиталниот маркетинг. Напомена: Описов нема константа, подложен е на постојани промени! (Hard to explain!)

Веднаш по завршувањето на Академијата за маркетинг, се вработи како маркетер во Futura 2/2. Нешто повеќе за ова искуство?

Морам да кажам дека Brainster е главниот виновник за тоа, бидејќи ме натера да ја насочам креативната енергија на сосема ново поле, во сосема друг правец. Ме насочи да бидам попрактичен преку интерактивните предавања, работата на реални проекти и огромната размена на знаења и искуства, што е негов заштитен знак. Дури и сега сè уште имам можност да учам и да се надоградувам во рамки на Brаinster мрежата, тоа е процес што не запира со завршувањето на Академијата.

Пред извесно време издавачката куќа „Антолог“ ја издаде твојата трета книга „Сега е најдолгото никогаш“. Колку креативниот процес во пишувањето ти помага како маркетер?

Тешко ми е да одговорам на ова прашање. На книжевно поле сум целосно самостоен, сосема непрактичен, непредвидлив, препуштен на креативната струја што по случајност може да те одведе на чудни места. Од друга страна, професионалните обврски бараат да си цврсто на земја, да си одмерен, одговорен и точен. Значи во креативниот процес на маркетиншко поле применувам сосема различни правила и израз, и точно знам каде сакам да ме однесат и каква е целта што сакам да ја постигнам. Тука е сосема поинаку, сè е план, стратегија и најважно од сè – тимска работа.

Кои работи од Академијата ги применуваш на работното место?

Content marketing & Social Media! Колкаво и да е натрупаното искуство во креативното пишување, content marketing-от е стратешки пристап во создавањето релевантни содржини кои имаат точно одреден таргет. Социјалните медиуми, пак, се одликуваат со доста динамичен развој и промени на коишто содржините постојано треба да се прилагодуваат.

На какви проекти би сакал да работиш во иднина?

Предизвик ми се проекти што имаат мултимедијален карактер. Отсекогаш ме привлекувала таа мешавина од текст, слика, видео, звук и други интерактивни содржини. Фузијата на традиционалните и новите медиумски канали ми е многу возбудлива. Всушност, веќе работам на проект што прави нешто слично. Исто така, доста интересна ми е и едукативната револуција што ја прават платформите од типот на Brainster. Мислам дека тоа е иднината на образованието – не само добивање формални дипломи, туку и стекнување практични вештини.

 

Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.

akademija

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.