Модерно. Уникатно. Необично – Вака изгледаше пристапот на студентите од НУ Академијата за дигитален маркетинг при работа на реална онлајн кампања за Sizeer, во рамки на модулот „Фото и видео содржини“.
Наместо класични рекламни решенија, студентите креираа визуелна комуникација што произлегува од реалниот урбан контекст и од секојдневните навики на младата публика. Проектот беше фокусиран на креирање фото и видео содржини за Instagram и TikTok, со јасна цел, зголемување на свесноста за брендот и поддршка на онлајн продажбата преку содржини што делуваат природно, релевантно и лесно прифатливо за дигиталната генерација.
Симона Гошева од академијата за дигитален маркетинг на NU ни објасни дека откако го добиле брифот од клиентите, следен чекор кој го направиле е избор на модели и продукти кои ќе ги рекламираат.

-Најпрво ги избравме продуктите, а за модели ги одбравме мои другари. Самиот изглед на луѓето, како и фактот што се спортисти, одлично одговараше со брендот. Моделите дојдоа во Brainster, каде што ја реализиравме фотосесијата со продуктите. Фотосесијата траеше околу 2–3 часа, по што заедно со тимот ги разгледавме фотографиите и ги одбравме најсоодветните. Потоа следуваше подготовка на презентација. Марија ја изработи презентацијата и се подготвувавме за презентација, со вклучени видеа од процесот, односно како изгледала работата зад сцената, вели Симона.
Тимот на Андреј Арсовски инспирацијата за фотографија и видео ја црпеле од самиот бренд.

-Облеката што ја одбравме беше streetwear, па логично решивме фотографирањето да го реализираме во урбан амбиент, со графити и во гаража. Видеото, односно рилот, целосно се поклопи со изборот на музиката, со брзи транзиции и динамични светла, што дополнително го засили урбаниот впечаток. Инспирацијата ја црпевме од поурбан и пошарен визуелен стил, објаснува Андреј.
Тимот на Фросина Захда најмногу се фокусирал на видеата, бидејќи според нив, тие најдобро перформираат на социјалните мрежи.

-Се фокусиравме на тинејџерски стил: креативни идеи, необични кадри и чудни агли на снимање и фотографирање. Користевме повеќе креативни визуели кои отскокнуваат од класичниот изглед и привлекуваат внимание. Најголем фокус ставивме на видеата, бидејќи сметавме дека токму видеото е форматот што денес најмногу се консумира на социјалните мрежи, објаснува Фросина.
Во центарот на нивните презентации и кампања беше streetwear естетиката како начин на изразување, а не како минлив тренд. Производите на Sizeer беа прикажани во реални, секојдневни ситуации во движење, во град, во животни сценарија блиски до младата публика, со цел содржините да бидат препознатливи и автентични. За реализација на кампањата беа користени оригинални производи од Sizeer, кои клиентот ги стави на располагање специјално за потребите на проектот.

-Како дел од подготовката, користевме Pinterest инспирација за позирање, истражување за подобро да разбереме како функционира брендот, кои се неговите цели и каков однос гради со својата публика, објаснува Симона.
Средношколците на NU самостојно го водеа целиот креативен процес: од развој на концепт и избор на локации, до фотографирање, снимање и финална селекција на содржини. Работејќи со сопствени модели и внимателно избрани локации, тие ги поставија производите во реални lifestyle контексти, создавајќи визуелни решенија што природно комуницираат со младата публика и го отсликуваат вистинскиот дух на брендот.
-Клиентите имаа одредени барања, а целта беше да се истакне креативноста. Пристапот беше „пола–пола“ – добивме насоки преку брифот, но креативноста беше наша. Најважен дел од целиот процес беше искуството. Преку овој проект јасно се гледа како функционира тимската работа, како и индивидуалната креативност на секој од членовите, заклучува Симона.

-Искуството беше навистина интересно и едукативно. Научив многу за фотографија и видео продукција, особено за тоа што точно бараат клиентите. Креативноста ми се разви уште повеќе откако завршија презентациите и имав можност да ги видам и другите решенија и пристапи.Комуникацијата во тимот беше на високо ниво. Добивме јасен бриф, направивме план и работевме како одлична група, при што секој од нас имаше своја конкретна задача и одговорност, заклучува Андреј.
-Најголемиот предизвик во процесот беше тоа што имавме многу различни идеи и различни стилови на размислување, што понекогаш го отежнуваше усогласувањето на конечниот концепт. Токму тоа беше нашиот најголем предизвик, но го надминавме.Од ова искуство најмногу научив за тоа како ќе изгледа иднината на социјалните мрежи и бизнисите и колку силно маркетингот влијае врз секојдневниот живот на луѓето, вели Фросина.

Секој студент разви сопствена, целосно заокружена онлајн маркетинг кампања, во која визуелната содржина беше носечкиот елемент. Кампањите вклучуваа серија фотографии и кратки видеа прилагодени за reels формати, а на финалните презентации студентите ја образложија креативната насока, изборот на формати и логиката зад содржините, објаснувајќи како тие можат да поттикнат ангажман и интерес кај младата целна публика.
Токму ваквите реални проекти им овозможуваат на учениците уште во средно образование да разберат како изгледа работата со вистински клиент, како се носат креативни одлуки и како се гради професионално портфолио со реална вредност.
Затоа, подготовката за високо платена кариера не треба да започне на 24, туку на 14 години.
Токму затоа, NU академиите им овозможуваат на средношколците уште рано да стекнат практични вештини, реално искуство и портфолио што има вредност на пазарот на трудот.
📌 Остануваат помалку од 10 дена за аплицирање за преостанатите 10 стипендии на NU академиите, во износ до 30.000 денари.
