Елена Лазороска – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање

Запознај ја Елена Лазороска – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање за месец октомври 2023.

 

Име и презиме: Елена Лазороска

По професија: Medical sales representative

Академија: Академија за Full-Stack програмирање

Зошто баш оваа област: Отсекогаш ми се допаѓало да анализирам проблеми и разгледувам можни решенија, па решив да ја искористам таа моја особина каде што би била корисна. Бидејки доаѓам од една сосема друга област и немам претходни предзнаења, мислев дека најдобар избор за мене би била Академијата за Full-Stack програмирање, како би добила една целосна слика што стои позади една веб апликација и да откријам каде најмногу би се пронашла во иднина.

Што те мотивира постојано да учиш: Желбата за кариерна промена и потребата за подобар баланс меѓу работата и животот.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Искуството добиено од учество на хакатоните. Работата во тим и можноста за запознавање со улогата и важноста на другите членови на тимот кои доаѓаат од другите Академии.

Омилен модул и зошто: Модулот за PHP. Ми се допаѓа слободата која ја нуди, постојат многу начини за решавање на проблемите и секојдневно среќавање и учење на нови работи.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Симеон Здравески и Александра Настова се дел од нашата група во текот на целата Академија, го изодија патот заедно со нас.

За 5 години сакам да бидам: PHP девелопер и да имам развиено моја web app од идеја до реализација.

Хоби: Видео игри, книги

Омилена книга: Иако најчесто читам хорор, мистерија, трилер како омилени од автори можам да ги издвојам Кинг, Несбе, Каризи… Сепак, книга која најчесто се навраќам да ја читам е „Малиот принц“ од Антоан Де Сент-Егзипери.

Омилен цитат: “One sees clearly only with the heart. What is essential is invisible to the eye.“

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Full-Stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!