Запознај ја Евица Смилкоска – студент на Академијата за Data Science, а воедно и магистар по електротехника и информациски технологии од областа на енергетика. Таа ни сподели дека, нејзината желба и амбиција за постојано учење и истражување ја насочиле да се запише на Академијата за Data Science и да се соочи со нов предизвик.

 

Студент: Евица Смилкоска

Академија: Академија за Data Science

Професија: Магистар по eлектротехника и информациски технологии од област енергетика.

Се решив да го искористам времето продуктивно за да научам: Бидејќи цело време сакам да учам и совладувам нови работи, произлезе и желбата за научам повеќе од областа на бази на податоци и нивната примена во многу области во науката и технологијата.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Како магистар по електротехника и информациски технологии од областа на енергетиката, сакав со помош на знаењето што ќе го добијам од оваа област да успеам да го соединам со моето досегашно знаење и искуство.

После предавањата секогаш: Правам мала пауза и го повторувам материјалот од предавањето.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Дали ќе успеам да ги балансирам работните обврски и Академијата, со цел да ја совладам најдобро што можам и да научам што повеќе.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да бидам успешна како Data Analyst во областа на енергетиката.

Во слободно време: Сакам да гледам некој филм, да ја истражувам природата и кога имам барем малку слободно време да „дремнам“.

Сакам да читам: Научно-истражувачки трудови за нови достигнувања.

Сакам да гледам: Во зависност од периодот сакам да истражувам и нови филмови или серии од повеќе жанрови.

Омилен цитат: Learning is a never-ending journey. Never stop learning because life will never stop teaching“.

 

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Data Science учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!