Маја Пачукова Митревска – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг

Запознај ја Маја Пачукова Митревска – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец септември 2023.

 

Име и презиме: Маја Пачукова Митревска

По професија: Банкарски комерцијалист

Академија: Академија за дигитален маркетинг

Зошто баш оваа област: Ова ми се чини многу возбудливо и динамично поле за работа каде се истражува и учи постојано нешто ново. Истовремено е брзорастечка индустрија која овозможува развивање на разновиден сет на вештини.

Што те мотивира постојано да учиш: По природа сум доста амбициозна личност која постојано се стреми кон нови достигнувања и со желба за постојани промени и професионално надградување.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Дефинитивно WordPress и креирање на Landing Page.

Омилен модул и зошто: Секој модел е сè поинтересен и мотивирачки за учење, но ако би издвоила можам да кажам дека Lead Generation ми остави голем впечаток, а најпредизвикувачки досега ми е SEO модулот.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Искрено не можам да издвојам, секој од нив е професионалец во својата област, кој се труди да го пренесе знаењето на најдобар можен начин.

За 5 години сакам да бидам: Успешна личност која не престанува со процесот на учење.

Хоби: Трчање, возење велосипед и патување.

Омилена книга: „Коски на срцето“ – Колин Хувер

Омилен цитат: “The only impossible journey is the one you never begin“.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!