Brainster има нов партнер за вработувања – софтверската компанија изградена на силни принципи, Ultrasoft чии продукти ги користат компании од Швајцарија и Германија. Последниов период имаат изградено повеќе помали адаптирани софтверски решенија и три поголеми софтверски продукти: APIS што претставува ERP систем; М-4, платформа за дигитален маркетинг и софтвер за размена и трансфер на парични и виртуелни средства.
Во оваа блог објава, го имавме задоволството да си поразговараме со Дилавер Алиоски – извршен директор на Ultrasoft, кој ни раскажа повеќе за приказната на компанијата и партнерството со Brainster, како и за нашите студенти што се вработија кај нив изминатиов период.
„Едноставно, ни помогнавте да ги најдеме побрзо вистинските луѓе за нас, а на овие луѓе максимално да го остварат својот потенцијал на работно место кое е соодветно за нивното знаење и нивниот профил. Целта е секако и компанијата и студентот да се среќни од резултатот на самиот matchmaking процес, што досега се покажа успешно“, ни сподели тој.
Дополнително, изминатиов период 2-ца студенти од Академијата за Front-End програмирање започнаа со работа токму во Ultrasoft.
Во продолжение, прочитајте повеќе што ни раскажа Дилавер Алиоски – CEO на Ultrasoft

Здраво Дилавер за почеток дали можеш да ни кажеш нешто повеќе за Ultrasoft како компанија, на што работите и што е она што ве издвојува од останатите компании на пазарот?
Здраво, ви благодарам за ова интервју. Ultrasoft е компанија основана пред околу пет години. Во овој временски период успеавме да изградиме повеќе помали адаптирани софтверски решенија и три поголеми софтверски продукти: APIS што претставува ERP систем; М-4, платформа за дигитален маркетинг и софтвер за размена и трансфер на парични и виртуелни средства. Клиентите кои ги користат нашите продукти се претежно компании од Швајцарија и Германија.
Во однос на она што сметаме дека нѐ издвојува, би сакал да мислам дека е тоа пракса, а не нешто што нѐ издвојува, меѓутоа ете тука би го спомнал нашиот пристап кон луѓето кои се Ultrasoft, тоа се нашите вработени и нашите клиенти. Во време на огромна раздвиженост во ИТ-пазарот, во период кога на луѓето се гледа само како на ресурс за стекнување на повеќе капитал, ние знаеме дека компанијата се луѓето и наша главна цел без разлика дали се работи за нашите клиенти или нашите вработени, е тие да се среќни, исполнети и задоволни.
За среќа, нашите луѓе тоа го препознаваат и ценат, па во овие пет години успеавме да изградиме долготрајни клиентски релации и тим од лојални, уникатни и креативни луѓе кои нѐ доведоа таму каде што сме денес.
Дали може да ни кажете нешто повеќе за некои од вашите продукти?
Три поголеми софтверски решенија со кои може да се пофалиме се:
М-4 платформата за дигитален маркетинг. Целта на овој продукт е преку напредно ниво на собирање и анализа на податоци и автоматизиран таргетиран маркетинг да се овозможи она што една компанија го нуди да биде видено од вистинските луѓе во вистинско време. Решението е изведено со цел максимално зголемување на грижата за корисници, процентот на конверзија на лидовите во потрошувачи и секако зголемување на профитот на компанијата која го користи М-4.
APIS, ERP систем кој е изграден со цел да одговори на потребите на голем број на компании со различна големина и домен на работење, Целта на овој продукт е да биде лесно прилагодлив на потребите на самиот клиент и процесите на работа за кои постои потреба од централизирана автоматизација, но и да биде лесен за работа за луѓето кои ќе го користат во таа компанија.
На крај, би го спомнал софтверот за размена и трансфер на парични и виртуелни средства кој е наменет за сите традиционални банки, fintech компании и менувачници на парични и виртуелни средства. Овој софтвер во целост ги автоматизира процесите во овој тип на институции и компании како за самите вработени, така и за корисниците на нивните услуги.

Од неодамна склучивме партнерство за вработување. Која ви беше мотивацијата и кои ви се очекувањата од ова партнерство?
Партнерството кое го склучивме е резултат на довербата која ја имаме во неформалниот образовен процес кој го нуди Brainster. Сметаме дека пристапот на Brainster е целно и практично насочен да одговори на нашите потреби како компанија. Brainster е всушност matchmaker-от меѓу нас како компанија и луѓето кои бараат работа. Едноставно, ни помогнавте да ги најдеме побрзо вистинските луѓе за нас, а на овие луѓе максимално да го остварат својот потенцијал на работно место кое е соодветно за нивното знаење и нивниот профил. Целта е секако и компанијата и студентот да се среќни од резултатот на самиот matchmaking процес, што досега се покажа успешно.
Вработивте 2 Brainster студенти оваа година. Какви квалитети и вештини забележавте кај нив, кои им помогнаа да се истакнат за време на процесот за вработување?
Точно, оваа година вработивме двајца React.JS Front-End девелопери. Клучно за нивното вработување секако беше нивото на постигнато знаење на Академијата за Front-End програмирање на Brainster, но и посветеноста, љубопитноста и желбата за знаење која ја препознавме кај Стефан и Дарко.

Дали можете да ни споделите на кој начин им помагате и ги поддржувате јуниор талентите кариерно да напредуваат?
Во Ultrasoft има изградено една култура на работење која се базира на тимска работа, разбирање, поддржување на креативноста и љубопитноста и почитување на различностите. Она кон што се стремиме особено за јуниор талентите е никогаш да не се плашат да прашуваат, да дискутираат, и да даваат свои идеи и размислувања. Секој почеток е тежок, но кога луѓето се чувствуваат пријатно на работа, се слушнати и соодветно менторирани, почетокот е полесен, а процесот на учење и напредок побрз.
Дали мислите дека ваков тип на партнерства помагаат во креирање на позитивен импакт на ИТ заедницата или ИТ индустријата и како?
Сметам дека ваквиот тип на партнерства имаат огромен позитивен импакт за ИТ-заедницата и индустријата, но и за целокупната економија. Неформалните образовни центри несомнено помагаат да се зголеми базенот на таленти и брзо да се одговори на специфичните и динамични потреби на пазарот во ИТ-индустријата. Резултатот на овие партнерства овозможува брз одговор на потребите на пазарот, намалување на невработеноста и развој на човечкиот потенцијал.

Дали ваков тип на партнерство би препорачале и на други компании?
Секако, ова прашање можам да го одговорам искуствено. Со оглед на тоа дека партнерството со Brainster, нам ни помогна да ги најдеме соодветните кандидати, нема причина да не сум убеден дека овој тип на партнерство би им помогнал и на други компании.
За крај, дали би сакале да испратите некаква порака до идните студенти за важноста од ваквите партнерства во процесот на едукација?
За крај, повторно ќе напоменам дека постои огромен потенцијал во многу луѓе кој за жал може да остане незабележан и неостварен. Неформалната едукација им овозможува да го откријат, да го канализираат и максимизираат, а овие партнерства кои водат до нивно вработување, тој потенцијал практично да го стават во употреба.
Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете партнер на Brainster, посетете ја Partnerships платформата или контактирајте нѐ на [email protected]
Бидeте дел од иднината и соработувајте со Brainster преку платформата за вработување и иновирање!
