Никогаш не е доцна да направиш промена во кариерата, сите заслужуваме да работиме нешто што не’ прави среќни. Елена Ацеска со таа цел се запиша на Академијата за дигитален маркетинг и денес работи нешто сосема ново и возбудливо за неа. Работи како дигитален маркетер во агенцијата Sign Up. Си поразговаравме и ни раскажа за оваа нејзина life changing одлука.
Елена, какво ти беше искуството на Академијата? Како се одлучи баш за Brainster?
Јас сум човек што ужива да ја споделува својата креативност, без разлика дали станува збор за готвење, пишување или изработување на подароци. Но и човек кој многу време поминува на социјалните мрежи. Па така, одлуката да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster ја донесов некако многу природно. Баш во моментот кога донесов одлука да ја променам мојата кариера, Brainster имаше објавено уписи за Академијата.
За мене тоа беше едно прекрасно патување. Часовите во Brainster ми беа како одмор после долгиот ден на работа, па затоа не пропуштив ниту еден час. Бевме супер група студенти со прекрасни предавачи и врвни професионалци во областа. И од едните и од другите научив навистина многу. Во Brainster создадов пријателства кои се’ уште траат.
Ти си по професија правник, но сепак реши дека веќе не сакаш да го работиш тоа.
Желбата да бидам правник ја имав уште како мала. Па така, се запишав на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и завршив како магистер по право на интелектуална сопственост. После завршувањето на мастер студиите продолжив да се обучувам и надоградувам во областа на правото, затоа што навистина сакав да се пронајдам во таа професија. Положив куп дополнителни испити, работев во нотарска канцеларија, работев со заштита на интелектуална сопственост, но не бев задоволна од правецот во којшто се движеше мојата кариера.
Веќе долго време се чувствував како да не сум на вистинскиот пат. Имав константна потреба од динамика, креативно изразување и слобода. Така, се разбудив едно утро, се јавив кај мајка ми и и’ кажав дека повеќе не сакам да бидам правник.
Уписите за новата Академија се во тек. Аплицирај ТУКА.
Се чувствуваш ли доволно сигурна и спремна во новата професија со се’ што научи на Академијата?
Да, супер се снаоѓам на новото работно место. На Академијата во Brainster најмногу ми се допадна тоа што работевме на реални проекти. Имавме можност преку теорија и пракса да ги оформуваме нашите вештини во областа на дигиталниот маркетинг и да ги следиме резултатите од нашата работа. Секако, се’ уште учам и се надградувам, но основата која ја поставив таму е солидна. Исто така, многу сум благодарна на тимот на Brainster за укажаните совети и поддршката и после завршувањето на Академијата.
Дали си среќна што го направи овој чекор и реши да направиш ваква не толку мала кариерна промена?
Пресреќна сум. Се радувам на почетокот на мојата нова кариера како маркетер. Ми се допаѓа тоа што работам со тим од професионалци, креативно се изразувам и секојдневно учам и се надоградувам.
На почетокот многу стравував дека е доцна да се преземе ваков ризик. Денес дефинитивно сум многу среќна што го направив овој чекор, затоа што себеси се гледам во оваа област. Многу сум благодарна на моето семејство и моите пријатели за големата поддршка и верба што ја имаат дека правецот по којшто одлучив да ја пренасочам мојата кариера е вистинскиот за мене.
Ако и ти размислуваш за промена на кариера или едноставно сакаш да започнеш нова, пријави се на овој линк и биди дел од Академијата за дигитален маркетинг во Brainster.