Дисрупција на тимската комуникација – “Стартап алатка #7”

„Стартап алатки “ е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските иноватори и стартапи со корисни алатки кои можат да ги користат при развивање на нивните производи. Оваа иницијатива е нa brainster заедницата.

Стартап алатка на денот #7 Slack – Алатката за пораки за тимови

Луѓето во тех-индустријата му “копаат” гроб на email-от веќе цела една деценија, но нивните предвидувања секогаш изгледале како малку надвор од реалноста.

Email-от, и покрај својата страшно, ужасно и не толку добро влијание врз нашиот секојдневен живот, е очигледно сеуште добар бизнис. Во изминативе години, дури и Amazon, Dropbox, Google и Microsoft имаа свои најави за нови email иницијативи – но сепак без успех.

И покрај восхитувачката издржливост на email-от како услуга, можеме да си замислиме иднина во која email-от (неверојатно) е заменет со нови алатки кои им овозможуваат на луѓето да соработуваат во големи групи и да ги присилат или да стават притисок на компаниите кон воведување на радикална информациска транспарентност, за која многумина веруваат дека е неопходна (во најмала рака барем во тех-индустријата).

Имајки ги во предвид жалбите на секој еден од нас поврзани со email-овите, на пазарот се појавија различни решенија кои нудеа излез од ситуацијата. Постојат толку многу различни додатоци (plug-ins) како Xobni или различни email клиенти, но без многу поголеми достигнувања. Има нешто суштинско во комуникацијата со поголем број на луѓе која е потешка за управување, особено имајки ја предвид количината на информации која ја добиваме денес на дневна основа. Пред 10 години, 50 до 60 проценти од email комуникацијата доаѓаше од други луѓе, а денес таа претставува само од 8 до 10 проценти. Останатите 90% доаѓаат од машини – email маркетинг, сметки, нови следбеници на Twitter, Facebook коментари, месечни извештаи и што ли уште не!

Најдобар пример за нов вид на систем за комуникација ни доаѓа од Slack, старт-ап од Сан Франциско. Оваа алатка изгледа слично на некои други апликации за групен разговор за кои сум сигурен дека поголемиот дел од нас ги користеле – AOL Instant Messenger или IRC.

Slack е алатка за соработка ко-основана од Стјуарт Батерфилд, Ерик Костело, Кал Хендерсон, и Сергеј Мурачов. Интересно е тоа што Slack почна да се развива како внатрешна алатка која се користеше од страна на нивната компанија Tiny Speck во развојот на Glitch, сега една екс онлајн игра. Slack беше лансирана во август 2013 година, и во рок од 24 часа по стартувањето имаше над 8.000 корисници.

slack 2

Во Slack имаат развиено повеќе едно-реченични описи за тоа што претставува овој производ. Кога се зборува повеќе евокативно тогаш Slack ја претставува вашата целокупна комуникација на едно место, која може веднаш да се пребара, и е достапна каде и да одите. Но кога станува збор за описот на Slack за маркетинг цели тогаш “Slack е платформа за пораќи и пребарување која што создава единствена и унифицирана архива достапна со моќни пребарувања.

Најдобар опис за тоа што се може Slack да направи, дадоа момците од Sandwich. Се сеќавате на нив? Тоа е истата онаа компанија за која разговаравме неодамна, која е “виновна” за сите оние cool видеа на влијателни стартапи ширум светот. Погледнете го видеото!

Во последните седум години, со масивноста на Фејсбук и воведување на вистински паметни телефони, повеќето луѓе сега имаат различни подгрупи на контакти со кои не комуницираат првенствено преку email. Го користиме [Google] за дружења со три лица (Google Hangout), и iMessage со четири до пет лица, и Twitter за неколку луѓе и многу помала група на пријатели со email комуникација. Сите работни конверзации се одвиваат преку Slack. Тоа не е нешто за што луѓето се свесни. Ако ги прашате колегите за тоа како тие комуницираат со нивниот брачен другар, нивните деца или пријателите од средно училиште, одговорот ќе биде користејки различни апликации во различни режими за различни луѓе. Луѓето се повеќе и повеќе се навикнуваат на тоа.

slack 3

Ова е една од причините зошто Slack беше во можност да го има стартот кој го имаше. Затоа што луѓето се подготвени да прифатат уште една рамка – уште една апликација за комуникација со одредена подгрупа на луѓе.

Среќно

brainster.co заедницата

Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.

Related Stories For You