Запознај го Илче Ѓоргевски– Dream Team студент на Академијата за Software Testing за септември 2024.
Мојата позадина е…
Средно училиште учев во ПСУ “Yahya Kemal” Струмица, а студирав психологија на Филозофскиот Факултет на Универзитетот св. Кирил и Методиј.
Областа ја избрав затоа што…
Отсекогаш сум бил заинтересиран за сите области од ИТ секторот, откако ги разгледав сите академии со кои располага Brainster најголем впечаток ми остави Aкадемијата за Software Testing, посебно модулите за автоматско тестирање.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Да истражуваме и да се надоградуваме со знаења надвор од материјалот кој го учиме, затоа што сите области во ИТ секторот константно и брзо се менуваат.
Најгорд сум на…
По завршувањето на модулите за мануелно тестирање имавме онлајн хакатон за мануелно тестирање на веб-страница, самото учество во него и успешното завршување на хакатонот со мојот тим.
Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра на Академијата за Software Testing!
Мојот омилен модул е…
Модулите за Object Oriented Programing и Selenium ми се омилени модули, бидејќи се повеќе захтевни од останатите модули, и самото дизајнирање и кодирање на автоматските тестови е многу интересно.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
До сега имав две инструкторки – Катерина Крстовска која ги предаваше модулите за мануелно тестирање и Ивана Павлова која ги предаваше модулите за автоматско тестирање. И двете инструкторки со нивниот начин на работа и предавање ми овозможија да го стекнам знаењето многу лесно и на интересен начин. Но, исто така сакам да ја спомнам и асистентката Ивана Андонова која ме извади од мојата комфорт зона и ме охрабри сам да истражувам и да го надоградувам моето знаење.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Со знаењето кое го имам стекнато на академијата исто така и со хакатоните и работата на реални проекти кои ќе можам да ги ставам во моето портфолио.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Учете, истражувајте, надоградувајте се надвор од материјалот што ќе го учите на академијата, но пред сѐ да одберете нешто што ќе ви биде забавно за учење.