Sopro, глобален лидер во B2B маркетинг, се приклучува на Brainster Job Fair 2.0 и AI Conference

Sopro е глобален бренд со повеќе од десет години искуство во областа на дигиталниот маркетинг, специјализиран за B2B sales prospecting. Компанијата овозможува координирани multichannel кампањи насочени кон генерирање на висококвалитетни бизнис можности и поддршка на растот на своите клиенти.

Мисијата на Sopro е да им овозможи на бизнисите прецизно да ги пронајдат и да се поврзат со своите идеални клиенти, преку користење на напредна технологија, интегриран пристап и тим од искусни професионалци. Со оваа стратегија, Sopro обезбедува иновативни, ефикасни и мерливи решенија за B2B продажба.

Компанијата стреми да стане најдоверливиот и најефикасен глобален партнер во B2B продажбата, истовремено негувајќи тимска култура, континуиран развој и иновација како клучни вредности во своето работење.

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?

Веруваме дека постојат многу вештини кои кандидатите треба да ги развиваат во текот на својот кариерен развој, но доколку треба да издвоиме неколку, тоа би биле следниве:

  1. Иницијатива за учење и развој – Во време на брзи технолошки промени, клучно е кандидатите да покажат проактивност, љубопитност и отвореност за учење. Способноста да се истражуваат нови технологии и да се прилагодуваат на промените станува сè поважна, особено во дигиталниот маркетинг.
  2. Способност на решавање проблеми – Способноста да се препознае проблем, да се анализира од повеќе агли и да се најде практично решение е огромна предност, особено во динамични и постојано променливи средини. Љубопитноста и критичкото размислување тука играат голема улога.
  3. Аналитички вештини и работа со податоци – Донесување одлуки базирани на анализа на податоци (data-driven) ни овозможува пообјективна и поефикасна работа во полето на маркетинг. Разбирањето на бројките и нивната интерпретација може значително да влијае на квалитетот на одлуките и резултатите што ги постигнуваме.

Стани незаменлив AI специјалист, AI консултант и AI имплементатор. Аплицирај денес за Практичната AI Академија!


Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?

Нашиот совет до секоја компанија што размислува да започне со користење на вештачка интелигенција (AI) е едноставен: AI е денес, не е иднина. Неговото наменско користење треба да започне веднаш.

Говориме од сопствено искуство – AI веќе е дел од нашето секојдневно работење и постојано разгледуваме можности како можеме ова да го продлабочиме. И со ова не зборуваме само за користење на основни алатки за убрзување на одредени работни задачи, туку доста напредно и наменско воведување на вештчка интелигенција во клучни процеси чие време и енергија за извршување ги автоматизираме континуирано. 

Добро познато е дека AI овозможува автоматизација на голем дел од процесите во сите оддели – од маркетинг и продажба, до операции, финансии и корисничка поддршка. Ова значи зголемена ефикасност, намалени трошоци и повеќе време вашите тимови да се фокусираат на активности кои додаваат вредност. Тоа е фокусот на сите наши тимови како што се движиме напред.

Нашата силна препорака: не чекајте. Започнете со експериментирање, учете брзо и прифатете ги можностите што AI ги нуди за трансформација на вашиот бизнис.

Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?

Културата во Sopro во три збора би била водена од нашите вредности – Ambitious, Open and Innovative. Негуваме иновативна култура и инвестираме во развојот на луѓето – им даваме простор да се надградуваат и придонесат на значајни проекти поврзани со растот на нашиот бизнис. Воедно, имаме отворен пристап каде секој вработен е охрабрен да придонесе со идеја или иницијатива. Во исто време, ги негуваме различностите, тимската работа и меѓусебната поддршка, создавајќи средина каде секој се чувствува вреднувано и прифатено.

Ваквата средина создава чувство на припадност, каде нашите вработени се чувствуваат слушнати, поддржани и прифатени. 

Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по работа или се заинтересирани за вештачка интелигенција?

Сите кои се во потрага по работа или нова насока во кариерата денес имаат значителна предност – имаат достапност до голем број алатки, ресурси и информации што можат да им помогнат во секој чекор од процесот. Затоа, наша препорака би била да ги искористат овие алатки на добар и паметен начин, да истражуваат и да бидат љубопитини. И исто така – да не се плашат да прашуваат прашања, прашања кои се автентични и важни за вашиот личен и професионален развој.

Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?

Совет за сите оние кои би сакале да ја променат својата кариера е да започнат со искрена и детална самоанализа кои вештини, знаења и способности ги поседуваат во моментот, стеканти преку досегашното искуство. Ние веруваме дека низ процесот на селекција многу е важно да ги имаме предвид постоечките преносливи (transferable) вештини, кои би биле применливи и во други улоги или индустрии. Дополнително, при овој процес на мапирање, можеби ќе се појават и нови вештини или знаења кои се бараат а можеби недостасуваат и би требало да се надградат.

Дополнително, за сите кои размислуваат за нова кариера, освен вештините кои можат да се искористат во нови сфера, советуваме до овие кандидати да ги анализираат и вештините што би ги стекнале на потенцијалните нови работни позиции. Промената на кариера, освен имплементирање на искуство, треба најмногу да опфати и насоки кон кои секој индивидуално би сакал да се надоградува. 

Како последен совет, во текот на процесот на селекција, важно е да се претстави искуството кое е релевантно за таа позиција, и на кој начин досегашните знаења и вештини може да придонесат во новата позиција.


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!