Уште во средно на пракса во Diners Club Macedonia – Ива Тодоровска од High School Academy

Кој вели дека мораш да завршиш факултет за да почнеш да работиш со индустријата?
Ива Тодоровска, ученичка на NU Академијата за графички дизајн и вештачка интелигенција, го докажа спротивното.

Уште како средношколка, Ива ќе започне пракса во Diners Club Macedonia, како дел од победничкиот тим на првиот Diners Club Hackathon Weekend — реален предизвик во кој студентите од Brainster Next и средношколците на NU High School Academy работеа за реален клиент.

48 часа, еден реален клиент и идеја што направи историја

Предизвикот?
Да се редизајнира Diners Club картичката и да се создаде маркетинг стратегија за новата Diners Club картичка за млади под 27 години.

Во само 48 часа, тимовите од Brainster Next College и NU High School Academy ја истражуваа конкуренција, развиваа концепти и создаваа визуелни решенија што го спојуваат дизајнот и стратегијата.
Резултатот беше проект кој ги воодушеви Diners Club International и создаде историја:
Првата Diners Club картичка дизајнирана од студенти во светот.

Освен што доби вредносен ваучер, како дел од победничкиот тим, Ива доби можност што многу млади ја сонуваат:
– ќе работи на визуелниот изглед на новите Diners Club картички
– ќе работи на маркетинг стратегијата за нивното лансирање, заедно со искусен тим и маркетинг агенција.

„Решивме да соработуваме со Brainster Next и NU Академиите затоа што веруваме во младите и нивниот потенцијал. Ова е шанса тие да направат реален импакт на пазарот,“ изјави Тони Јанковски, Product Development and Innovation во Diners Club Macedonia.

А според Весна Терзиевска, Sales Director на Diners Club, ова е само почеток:

„Diners International се воодушевени од свежината и креативноста на студентите. Сигурни сме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.“

NU Академиите се местото каде што талентите растат преку практична работа

За NU, ова е само уште еден доказ дека практичното образование и вистинските искуства создаваат следната генерација на креативци подготвени за индустријата. Нашата мисија е учениците уште во средно да го почувствуваат професионалниот свет и тоа со реални брифови, клиенти и ментори од индустријата. Ива е доказ дека ваквиот современ начин на образование функционира.

Иднината веќе започна. И таа ја дизајнираат нашите средношколци.

NU Академиите им овозможуваат на средношколците да стекнат реално искуство во дизајн, маркетинг, програмирање и вештачка интелигенција, со поддршка од најдобрите ментори во земјата и можности за работа на вистински проекти уште во средно.

Related Stories For You

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 29€ месечно!