Што значи да создаваш и креираш за индустријата уште пред започнеш факултет?
За двајца средношколци од NU High School Academy, ова прашање повеќе не е хипотетичко.
Ова лето, Горјан Поповски (NU Академија за дигитален маркетинг x AI) и Јоана Станоевска (NU Академија за графички дизајн x AI) го поминаа применувајќи го наученото во пракса, во вистинска продукциска реалност, работејќи на фестивалот „Еволуција на сонот“.
Наместо теоретски вежби, Горјан и Јоана добија можност што за многумина доаѓа дури по факултет. Работеа на маркетинг стратегија и визуелен идентитет за фестивал со вистински клиент, рокови и тим.
🎨 Креираа постери, банери и визуелен јазик на настанот.
📢 Развиваа маркетинг идеи што ја пренесуваат суштината на фестивалот.
💡 И најважно — научија дека секоја боја, форма и реченица носат одговорност.

„Најважното што го научив е силата на визуелната комуникација – како добар дизајн може да пренесе комплексни идеи и вредности,“ вели Горјан Поповски.
„Но сето тоа функционира само кога ти даваат слобода да создаваш.“
Јоана Станоевска додава:
„Ова искуство беше можност за креативен раст и примена на знаењето во вистински услови. Првпат почувствував што значи да се работи на визуелен идентитет што луѓето навистина го доживуваат.“

„Младите не добиваат шанса – тие ни даваат перспектива“
Организаторката на фестивалот, Весела Моловска, го гледа учеството на младите не како гест на поддршка, туку како неопходност:
„Младиве се родени во технологијата, со сосема поинаков поглед на светот.
Ние не им даваме шанса, тие нам ни ја даваат — да го видиме светот поинаку.“
Нејзините зборови го носат духот на самиот фестивал – судирот меѓу генерации, идеи и уметнички визии, каде младоста не е само енергија, туку и филозофија на создавање.

Фестивал што расте, исто како и оние што го создаваат
Фестивалот „Еволуција на сонот“, чие прво урбано издание се одржа во општинскиот парк на Ѓорче Петров, претставува современ културен експеримент:
место каде музиката, визуелната уметност и јавниот простор се преплетуваат во едно искуство.
Неговите корени датираат од 2016 година, кога на Рузвелтова 44а една стара куќа беше претворена во жив уметнички простор, насликана од локални и меѓународни уметници.
Оттогаш, проектот еволуира во серија настани – од Кинотеката на Македонија до ова ново, урбано поглавје што расте заедно со своите учесници.
NU Академиите – местото каде што младите ја тестираат иднината
За NU Академиите, оваа пракса е доказ дека практичното образование и реалните искуства создаваат нова генерација на млади што не чекаат „еден ден“ да станат професионалци – тие тоа го прават денес.
Во време кога образованието е теоретско, NU Академиите го враќаат неговото највистинско значење: учење преку создавање.
Приказната на Горјан и Јоана не е знак на промена.
Младите веќе не чекаат одобрување; тие ја обликуваат културната сцена, брендовите и наративите што ќе ја дефинираат нивната генерација.
Погледнете дел од визуелните решенија и атмосферата од фестивалот во галеријата подолу.






