Постојат моменти кога генерациски чувствуваме како светот се менува — не преку големи настани, туку преку младите кои штотуку почнале нешто ново. Така изгледаа и првите денови на NU Академиите за талентирани средношколци: како почеток на нешто што не се учи од книги, туку од визија и од желба за промена, како и трансформација на образованието.
NU се 6-месечни академии за дизајн, маркетинг, програмирање и вештачка интелигенција, каде на младите не се гледа само како на ученици, туку како на идни програмери, дизајнери и маркетери кои уште сега почнуват да ја запознаваат индустријата.
„Сакам да бидам програмер кој создава решенија што им помагаат на луѓето.“
„Имам мотивација и љубопитност, заедно со желба да успеам, а оваа академија е вистинската шанса да го постигнам тоа што го посакувам.“
— Борис Василев, Академија за веб програмирање х AI

Денес кога технологијата често изгледа ладна и оддалечена, Борис потсетува дека кодот може да биде чин на човечност. Зад секој ред код стои идеја, а зад секоја идеја стои човек што сака да направи разлика.
„Маркетинг + дизајн + AI е мојата формула за иднината.“
„Оваа програма ја гледам како инвестиција во мојата кариера, бидејќи ми помага да размислувам стратешки, да креирам визуелни приказни и брендови што оставаат впечаток.“
— Ања Костадиновска, Академија за графички дизајн х AI

Ања ја гледа технологијата како продолжение на креативноста. Според Ања, технологијата не ја заменува уметноста, туку ја трансформира. За неа, дизајнот е јазик на иднината што комуницира преку алгоритми и емоции.
„NU е wake up call дека учењето може да биде интересно.“
„NU за мене е инспиративна, напредна, корисна. Место каде моите идеи имаат моќ, кога некој ќе ти даде простор да ги споделиш.“
— Теа Барбашка, Академија за дигитален маркетинг х AI

Теа го доловува она што многумина го чувствуваат: дека вистинското образование не те присилува да учиш, туку те потсетува зошто сакаш да учиш.
