Топ 5 причини зошто ти нема да бидеш следниот Средношколец Милионер

Има луѓе кои секогаш може да измислат причина зошто не може да направат нешто. Има и луѓе кои секогаш го наоѓаат патот до решението, без изговори и одложувања. Доколу припаѓаш на првата група, еве ти пет изговори кои може да ги искористиш како одговор на прашањето „Зошто ти нема да бидеш следниот средношколец милионер?“

Пред да се откажеш, прочитај ги и размисли дали навистина се толку добри како што мислат оние кои бараат изговори.

(Спојлер: не се!)


Дали твојата идеја вреди 1.000.000 денари? NU Академиите и Brainster Next College го организираат најголемиот натпревар во Македонија – Средношколец Милионер. Пријави се до 26.10.2025 сам, во пар или во тим.


ИЗГОВОР БР. 1
„Еј, абе се знае — ќерка му на газдата ќе ја земе наградата.“

Во оваа држава, ништо не оди без врски, нели? Сите „натпревари“ се наместени, победниците однапред познати, а ние обичните смртници само гледаме од страна кој зема туѓа слава и се кити со туѓи перја. Само овде има мал проблем и голема можност. Проблемот е што ќерката на газдата има 4 години. Па имаш можност да се пријавиш на натпреварот додека таа спие 🙂

ИЗГОВОР БР. 2
„Ништо не функционира во државава, не вреди да се замараш.“

Ова е еден од изговорите од жанрот „класика“. Кога ќе се појави некоја шанса, ништо не е толку добар изговор за оние кои бараат изговори како „аргументот“ дека „системот не работи“.

Ама вистината е дека „системот“ не е само тоа што го гледаш на вести или го читаш на нет. Овој натпревар го направија луѓе што решија да го менуваат системот.

И ако мислиш дека ништо не функционира – супер. Еве шанса ти да бидеш првиот што ќе направи нешто што функционира.

ИЗГОВОР БР. 3
„Немам идеја.“

Океј, ништо страшно. Ама имаш ли сто поплаки за некои ситуации Имаш ли направено сто муабети со другарите или петнаесет смешни видеа на TikTok за тоа што не чини во државава?

Ако е така, имаме добра вест: ти идеите ги имаш – само не ги нарекуваш така. Ако не знаеш од каде да почнеш, почни од тоа што те нервира. И пробај да смислиш решение за проблемот. Тоа често е најдобрата идеја за бизнис.

(И не, не мора да измислиш нов iPhone. Доволно е нешто што ќе направи животот на барем еден човек полесен.)

ИЗГОВОР БР. 4
„Не е доволно добра мојата идеја.“

Уште една реченица која е меѓу омилените кај сите што некогаш нешто можеле, ама не се осмелиле.

Ама знаеш што? Во светот има 16-годишници кои направиле апликации, основале стартапи, па дури и влегле во форбс-листи. Ако некој треба да те сфати сериозно – тоа си самиот или самата ти.

После тоа, ама верувај, ќе те сфатат и сите други.

ИЗГОВОР БР. 5
„Немам време?!“

Да, разбирливо – животот е тежок, а тестот по физика бара жртви… Ама знаеш што е смешно? Сите „паметни“ што чекаат подобро време, на крај само гледаат како другите го живеат тоа „подобро време“.

Оваа прилика се повторува секоја година, ама овој момент за овој „ТИ“ е неповторлив. Идејата која ќе ти се роди денес, нема да е иста и следната година. И следниот пат кога ќе имаш „многу тестови“, нека е еден од нив и овој тест за твојата идеја – и види колку поени ќе освои.

Ви се допаднаа изговорите?

Најлесно е да најдеш изговор – затоа што изговорите се бесплатни, а идеите бараат храброст. Но милионот денари не оди кај оние што се жалат, туку кај оние што се осмелуваат.

Без „врски“, без местенки, без изговори. Само ти и твојата идеја, твојот тим и твојата шанса да покажеш дека иднината не е нешто што ќе дојде – туку нешто што ти ќе го создадеш. Во конкуренција со многу други мотивирани и добри дечки, со кои заедно ќе создавате големи работи во иднина.

Започни од тука – пријави се на milioner.mk до 26.10.2025 и докажи дека еден средношколец може да ја победи цела апатија.

Related Stories For You

Откриј повеќе за бесплатниот AIatWork настан