Патот на кариерната трансформација не е секогаш лесен. Понекогаш, на почетокот може да биде трнлив, со неизвесност и многу преиспитувања. Но, со јасно поставена цел и постојана надградба на своите вештини успехот е неизбежен.
Со силна мотивација да направи промена на својата кариера, скопјанецот Илија Стојковски од локален агент за осигурување, се трансформирал во интернационален дигитален маркетер. Клучно во овој процес била неговата желба за научи вештини релевантни за професиите од новата ера. Затоа ја избрал Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. За само три години, тој стана Head of Growth во еден од најуспешните македонски IT-стартапи – Howitzer.
Кариерна трансформација на 31 година
Илија, кој е дипломиран правник, седум години работел како агент за осугурување. Вели дека бил релативно успешен во таа кариера, со изграден статус, познавања и бил комфорен во тоа што го работи. Но, во одреден момент се случил внатрешен судир меѓу тоа каде е и каде може да биде.
„Сфатив дека мојот тогашен ангажман ме лимитира да го развијам својот потенцијал. Тогашната професија беше многу локална. Работев на овој пазар со домашни клиенти и немав можност да соработувам со странски компании, размислувања и култури. Во тоа време еден мој блисок пријател, кој самостојно почна да учи дигитален маркетинг, прогресираше многу брзо. За помалку од една година се вработи и земаше поголема плата од мене. Соработуваше со странски клиенти и временски работеше помалку од мене. Си помислив, каде грешам? Што можам да направам да бидам поблизу до животот што го има тој? Ги разгледав сите опции, како и сите околности и обврски кон семејството. Бев свесен дека е ризик да напуштам сигурна работа и примања и да се пробам во област во која сум нов. (Но, истовремено област која во иднина ќе ми отвори многу нови можности.) Тогаш сфатив дека стравот од тоа да остане сѐ по старо и да не се променам е поголем, отколку да го направам првиот чекор. Затоа решив да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. Така, на 31 година, направив кариерна трансформација“, вели Стојковски.
Добра препорака од пријатели
На Илија му се допаднало тоа што на Академијата за дигитален маркетинг има можност да помине низ структуриран начин на преквалификација. Меѓу другото, се одлучил за Brainster и затоа што имал добра препорака од 3-4 пријатели, кои веќе завршиле академија. Тие биле задоволни и за кратко време почнале нови кариери. Кога се уверил дека има потврда за тоа дека понудата на Brainster фукционира и во пракса, како и дека има добри финансиски услови за упис, сметал дека нема пречка и смисла да не го направи тој чекор.
„На почетикот ме опфати едно overwhelming чувство, дека ќе мора да научам многу нови нешта за многу кратко време. Пред да станам дел од академијата, седум години немав ниеден профил на социјалните мрежи, а решив да работам маркетинг токму на тие платформи. Академијата ми ги отвори хоризонтите, да дознаам како и зошто се прават нештата во дигиталниот маркетинг денес. Модулите се широко поставени, што им овозожува на поединците да имаат увид кон сите сегменти и да решат кон што ќе се насочат / специјализираат“, објаснува тој.
Реални проекти за проверка на реалноста
Вели дека доста му помогнале и реалните проекти на академијата, преку кои сфатил дека не е лесно да се направи сѐ што се учи теоретски.
„Реалните проекти беа еден вид на проверка на реалноста. Ќе сфатиш дека многу работи не знаеш и дека допрва ќе ги научиш. И тоа е во ред, значи дека ќе научиш нови нешта. Ако не си научил ништо ново во последно време е лошо, значи дека си комфорен во тоа што го правиш и дека не сакаш да се надградиш. Ако не евулираш значи дека стагнираш. Се најдов буквално во ситуација кога си реков – сега знам дека ништо не знам!
Прво беше многу страшно, а потоа беше многу возбудливо. Сфатив уште колку многу имам за учење и напредување. Секоја новосовладана вештина правеше да се чувствувам подобро и посигурен во себе. Академијата ми помогна да се запознаам со цел овој свет (на дигиталниот маркетинг), но и да се се спознаам себеси“, вели тој.
Учењето не заврши со академијата, туку допрва почна
Пред завршување на академијата ја договорил својата прва работа во маркетингот, како lead generaton специјалист, во еден англиски стартап.
-Промената е тешка, а убавиот дел е учењето. Сепак, транформацијата, правењето на првите чекор и почетокот на новата работа не се лесни. Но, тоа е нормално. Тешкото не трае долго. По 3-4 месеци работа веќе си оформена личност и стануваш специјалист во одредена област. Првиот ангажан за мене беше голема лекција. Не помина најдобро бидејќи влегов во позиција за која не бев спремен. Се бараше искуство од 3 години, а јас ја добив работата по само 5 месеци на академија, и тоа благодарение на мојата моќ на убедување. Но, наскоро сфатив дека не знам сѐ. Откако помина иницијалниот шок, сфатив дека морам да се посветам посериозно. Моето учење не заврши со академијата, моето учење почна со академијата. И ден-денеска постојано учам. Академијата ми помогна да го видам спектарот, јас ја одбрав насоката, а потоа продолжив да се надградувам во таа насока“, вели тој.
Тоа го довело до втората работа, во „пејд“ маркетинг, нешто што во тој момент било исто така ново за него. Со овој ангажман научил дека е многу важно каде ќе биде вработен, компаниската култура и структура на фирмата се исто така многу важни, особено ако си на почеток и ти треба менторство.
Howitzer инвестираше во мојот раст во Head of Growth
Третиот ангажман бил во Howitzer, каде што работи и денес. Од човек кој сакал да си ја проба среќата, дошол до позиција на некој кој се грижи за среќата на својот тим и клиенти.
„Уште од почетокот се вљубив во компаниската култура на Howitzer и можноста да растам. Мојата кариерна трансформација се сведува на растење паралелно со компанијата. Howitzer го препозна мојот потенцијал и инвестираше доста во мојата надградба. Најми надворени експерти од индустријата. Обуката треше три месеци на заеднички проекти, по што прогресирав во Head of Growth. Тоа е личност што се грижи за раст и развој на компанијата, но тоа е и многу одговорна работа. Фирмата вложи во правилно мое насочување, а јас го валоризирав тоа. Прогресирав со поддршка на компанијата и со вложување на многу во себеси“.
Неговата работа бара постојано да учи, истражува и тестира нови алатки за продажба и маркетинг. Вели дека за него тоа е најубавиот дел, што учи додека работи. Тоа го прави многу среќен, бидејќи квалитетно го поминува времето.
HeyReach – алатка за B2B конекции на LinkedIn
Howitzer inc е првиот македонски стартап кој доби инвестиција од пола милон евра. Основачи се тројца момчиња, во раните 20-ти години, кои ја направија алатката за автоматизација на маркетингот на Reddit. Howitzer inc има два продукта: Howitzer и HeyReach. Новата алатка, HeyReach им помага на бизнисите да се конектираат со вистинските луѓе (клиенти) на LinkedIn.
„Ваква алатка фалеше на пазарот. Оваа платформа во основа е B2B. Правиме автоматизација на профилот на корисникот, им овозожуваме на компаниите да го претстават својот бизнис до нови идни клиенти. Со ова се овозожува проширување на бизнисот и поврзување со други. Оваа алатка најмногу ја користат дигитални агенции, кои нудат lead generation услуги, особено на LinkedIn. Функционираме глобално, речиси 38% од клиентите се од САД, 30% од Македонија (благодарение на локалниот ПР), 20% се од Европа, а остатокот од Азија.“
Brainster е партнер што ни го чува грбот
Еден од бенефити што ги добил од Brainster е вмрежувањето со другите студенти и со инструкторите.
„Сите колегите од академијата сега се на некое убаво работно место и со тек на време станаа експерти во одредена област. Останавме во добар контакт и сите сме си тука за совет, ако некој се соочува во некој проблем. Исто така, и менторите се на располагање секогаш кога ми требаат за консултација. Академијата ми придонесе и уште ми придонесува многу на тој план“.
Соработката со Brainster продолжува на повеќе нивоа. Howitzer е една од партнерските компании на Brainster. Илија вели дека секогаш кога им требаат нови, квалитетни вработени, прво се обраќаат на Brainster.
„Многу сме задоволни од Brainster, затоа што е партнерска компанија која ни го чува грбот и ни помага да растеме со кадар, кога ни е тоа потребно. Тоа е првиот телефон што го вртиме когa ни требаат нови вработени, стручни за било која област. Brainser има студенти какви што ни требаат. Покрај мене, академија има завршено и нашиот head of customer support и презадоволни сме од тоа како Brainster ги подготвува своите студенти“.
Илија, исто така, сакал да даде свој придонес кон Brainster заедницата, па беше гостински предавач, давајќи им совети на студентите како да се адаптираат по завршување на академиите.
„Сите што сте на академија или што размислувате да се запишете, прво сте признале дека има проблем кој треба да се реши и ви честитам на одлуката. Ве уверувам дека Brainster ќе биде убаво патување. Но, тоа е само почеток, по завршување на академијата можеби ве очекува краток трнлив пат, но потоа следува асвалитиран автопат. Не плашете се од промена. Пострашно е ако останете таму каде што сте и не сте задоволни, отколку да го направите првиот чекор и првите шест месец да бидете исплашени, но потоа ќе бидете среќни,“ вели тој на крајот.
Направи ја посакуваната кариерна трансформација.