Важи за една од визионерите на дигиталниот маркетиг во нашата земја. Својата 15-годишна кариера Ива Дујак ја посвети во научно и професионални истражување на важноста на дигиталниот маркетинг, за кој со голема радост вели дека „повеќе не е тема на дискусија и конечно е прифатен како неопходен дел за ефикасно работење на компаниите и организациите“. Многумина ја запознаа како авторка на This is Not a Social Media blog,  Creative Talks и коосновачка на  еден од првите модни блогови Skopje Casual. Во меѓувреме се изгради како една од најзастапените говорници и експерти за дигитален маркетинг и новите социјални мрежи, но истовремено е една од најпрепознатливите инструктори на Brainster.

 

 

Ива Дујак, која има докторат по маркетинг, е дел од Академијата за дигитален маркетинг, на која ги предава модулите Marketing Fundamentals & Content Marketing. Таа е и една од експертите која подготви курс за новата Brainster+ програма, со која Brainster им дава поголема предност на своите студенти на пазарот на трудот. Нејзината Brainster приказна почна со самите почетоци на Brainster во 2015 година.

„Во Brainster прв пат предавав пред 9 години, неколку месеци по основањето, што од денешна перспектива ми изгледа многу одамна, не само поради времето кое изминало, туку и поради растот кој сме го оствариле како поединци и организација низ годините. Првичниот ангажман беа периодични предавања на теми врзани со социјални медиуми и маркетинг воопшто, за потоа од 2019 да станам дел од Академијата за дигитален маркетинг во која предавам и денес. Колку и понекогаш да може да биде напорно да се спојат редовните работни обврски и попладневните предавања, студентите со нивните дискусии, напредокот кој имам можност да го следам кај нив од првиот модул до завршните проекти, прават да вреди да се „дадеш“ комплетно во ова искуство“, вели Ива. 

 

 

На Академијата за дигитален маркетинг ги предаваш модулите Marketing Fundamentals & Content Marketing. Може ли да ни кажеш малку повеќе за овие модули?

Marketing Fundamentals е првиот модул на академијата и нуди запознавање со маркетингот како индустрија, наука, дејност… Се запознаваме со најважните маркетинг термини и методи, и поставуваме основа за подлабинско навлегување во можностите на дигиталниот маркетинг.  Content Marketing Strategy е модул фокусиран на процесот за развој на содржина, еден од според мене клучните сегменти на современиот маркетинг. Тука преку комплетно практичен пристап студентите под мое водство самостојно изработуваат комплетни контент маркетинг стратегии за реални клиенти.

 

Кои се најважните совети, насоки што им ги даваш на студентите на почетокот на академијата и кои се очекувањата до крај на предавањата, што ќе научат по поминување на овие модули?

На почеток на секоја академија се договараме како ќе функционираме и потоа истото го применуваме за секој модул заедно. Целта на секој час е тие да ги совладаат материјалите, да се чувстуваат слободно и удобно да прашаат доколку не им е јасно, како и да развиваат дискусии доколку најдат тема која особено ги интересира. 

Во сите модули кои ги предавам покрај редовните вежби на крајот има практичен дел со кој го заокружуваме наученото. Во Fundamentals тоа е изработка на дигитална кампања, во Content Marketing стратегија, во Presentation Skills презентација пред одредена целна публика. Мојата главна препорака е секогаш да не се плашат, да пробуваат да ги прават вежбите, колку и можеби на старт да не се чувствуваат сигурно, бидејќи само тогаш ќе откријат колку многу можат. 

 

 

Ти си дел од предавачите кои подготвија курсеви за новата иновативна програма на Brainster, Brainster+. Курсот „Основи на маркетинг“ е дел од пакетот со напредните технички вештини, кои ќе бидат дополнети дел од академиите. Што ќе научат студентите од овој курс, и за кои академии ќе биде наменет? 

Модулот „Основи на маркетинг“ има за цел студентите од сите академии да ги подготви со основните вештини и познавања да стапат во светот на маркетингот. Ги запознавам студентите со основните поими, им ги претставувам можностите за работа и начините на кои можат да ги остварат своите маркетинг цели. Brainster+ ја дава потребната нишка за издвојување на пазарот на труд и ги подготвува студентите да дадат нешто плус во индустриите во кои ќе се вработат. Се работи за сет на вештини кои ги значително ги надополнуваат знаењата стекнати на академиите, знаења кои ќе ги направат порелевантни на пазарот и ќе ги однесат  чекор поблиску до станување на прв избор на работодавците. 

 

Дигиталниот маркетинг прогресира изминатите години. Сѐ поголема е побарувачката на специјалисти од повеќе сегменти на дигиталниот маркетинг. Какви се твоите предвидувања, кои гранки допрва ќе се развиваат, а кај кои ќе има промени. Колку AI ќе ја промени играта?

Многу сум среќна што важноста на дигиталниот маркетинг повеќе не е тема на дискусија и конечно е прифатен како неопходен дел за ефикасно работење на компаниите и организациите. Верувам дека секој сегмент е исклучително важен и заеднички ја прават големата слика која нуди квалитетно присуство на еден бренд онлајн. Токму тоа подигнување на ниво на квалитет и сѐ посериозното поврзување на сегментите еден со друг (пр. data-based content) го гледам како неопходност и нешто на кое ќе треба да се посвети голем фокус во најблиска иднина на нашиот пазар.

Не сум од оние кои го гледаат црното сценарио со AI, верувам дека е тука да ни помогне и да ги олесни работите кои досега бараа многу време и ресурси, а со тоа и да ни остави простор за поголема креативност и насочување на работи кои само ние (барем засега ) можеме да ги создадеме. Имплементацијата на AI во процесите ја гледам како можност за значително подобрување на ефикасноста и квалтитетот на работењето. Наше е само да се прилагодиме и да научиме да ја „тренираме“ најдобро што можеме.

 

 

Имаш 15-годишно искуство во маркетингот. Доктор си на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Може ли да ни издвоиш кои се најважните моменти од твојата биографија? Со кои проекти од CV најмногу се гордееш?

Ова е дефинитивно прашањето на кое најмногу заглавив. Во овие 15 години имало толку многу проекти и интересни предизвици, но кога ќе почнам да се навраќам никако не можам да издвојам кои се најважни. Секој од нив си имал посебно значење и бил уште еден чекор кој водел во насоката каде сум денес. Од лична перспектива, најважно ми е што и покрај соработката со толку многу светски и локални брендови, најразлични кампањи, од развој на идентитети до комплетни интегрирани маркетинг решенија, и до ден денес уште ја имам истата возбуда и желба за работа како на почетоците.  Енергијата на создавање, можноста да направиш позитивна промена и директно да го видиш импактот на вложените напори се нешто што се надевам ќе ме „држи“ уште долго и ќе ми биде поттик да напредувам барем уште следните 25 години. 

 

На крајот на минатата година ја финализира твојата приказна во Brand Union, каде што беше партнер и технички директор. Каде ќе се насочиш професионално во следниот период? 

Brand Union засекогаш ќе биде значајна и драга приказна за мене, но по 11 години почувствував потреба за промена. Најпрво се посветив на повеќе предавања, а од неодамна ја основав и маркетинг агенцијата MOVEMENT.  Наша визија е со сопствениот пример да поттикнеме движење за позитивни промени, да ја разудиме креативната енергија, и да го раздвижиме пазарот кој за жал сѐ почесто се задоволува со рециклирани, просечни идеи. Тргнуваме со многу свежа, позитивна енергија и верувам дека ќе успееме во тоа што сме го замислиле.

 

 

Колку ги користиш социјалните мрежи приватно, и каков е бенефотот од нив за секој што сака да престави бизнис, идеја, услуга, да научи нешто или да дојде до својата следна работа?  

Како ги користам социјалните медиуми најдобро знаат моите најблиски кои секојдневно добиваат линкови до TikTok видеа, сакале или не 🙂 Иако знам да залутам и да изгубам часови во infinite scroll, се трудам времето на социјални мрежи да го посветам и на инспирација и учење. Доколку ги заследите вистинските профили, моето искуство покажува дека можете да откриете примери и техники за работа кои би било многу потешко да ги најдете со директно пребарување. Верувам дека бенефитот од користењето на социјалните мрежи може да биде голем, само треба свесно и наменски да се користат.  Истото важи и за промоцијата, со искрен и автентичен пристап се отвораат нови можности преку кои сигурно ќе најдете истомисленици, без разлика дали се работи за идни работодавци или целна публика за вашиот бренд. 

 

Како ти е исполнето слободното време, имаш ли хоби, пасија…. Останува време ли за учење и надградба?

Блогирањето е нешто кое го гледам како хоби, иако има многу допирни точки со она што го работам. И покрај тоа што не можам да го одржам темпото на објавување кое го имав во 2011 година со мојот прв блог This is Not a Social Media blog, или пак одржувањето на големата заедница и редовни содржини кои заедно со Александра Христов и Калина Зографска ги правевме на Skopje Casual, сепак се трудам од време на време да споделам по нешто на www.creativetalks.mk за да ја одржам и развивам оваа пасија за пишување која со години не згаснува.

Видеоепизодите на Creative Talks се уште нешто што многу ме исполнува, отворените разговори со креативци од најразлични индустрии ми даваат голем мотив и инспирација за креирање. И покрај многуте секојдневни обврски, сакам да верувам дека секогаш останува простор и време за учење. Можеби тоа нема да биде оној класичен пристап на седнување и барање на информации, но се трудам да си поставам рутина во која секое утро ќе можам барем малку време да посветам на читање, да пројдам време шетајќи низ Скопје и слушајќи подкаст, да оставам простор за примање на нови информации без разлика на начинот. Не можам да кажам дека е премногу лесно, но можам да гарантирам дека сѐ се постигнува со добар „мајндсет“, организација на време и голема дисциплина.

 

Направи ја посакуваната кариерна трансформација. Со новата Brainster+ Академија за дигитален маркетинг за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата во дигиталниот маркетинг.

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.