Запознај ја Елена Сиљаноска – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за септември 2024.
Мојата позадина е…
Јас сум дипломиран лабораториски биоинженер, смер на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Моментално работам во биохемиска лабораторија.
Областа ја избрав затоа што…
Покрај моменталната работа, работам како Content Writer – фриленсер на Upwork. Истражувањето на теми поврзани со мојата струка и пишувањето креативни текстови доста ме привлекоа подетално да научам и да стекнам попрофесионален пристап.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Со континуирано учење и вложување голем труд, можеш да ја постигнеш целта.
Најгорда сум на…
Покрај позитивните коментари за домашни од страна на инструкторите, најгорда сум на проектот за лендинг страна, каде моето решение беше избрано за победничко.
Мојот омилен модул е…
Имам сѐ уште за учење на академијата, но досега се пронајдов во SEO модулот и модулот за лендинг страна, бидејќи бара логично размислување.
Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра на Академијата за дигитален маркетинг!
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Сите инструктори се одлични. Имам уште доста за запознавање, но досега би ги издвоила Ива, Маќули, и Давид.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Научив доста вештини и алатки, инструкторите несебично споделуваат совети и се посветени на часовите што ме мотивираат и ми помагаат во која насока би сакала да се развијам на професионален план.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Да се вложуваат максимум на часовите, да ги изработуваат домашните бидејќи така се учи и секогаш да поставуваат прашања за сѐ што ги интересира.