Дали е етички прифатливо да се користи вештачка интелигенција кога се создава визуелна уметност?
Ако делото е создадено со помош на AI – кому му припаѓа?
Дали авторството е технолошки процес, лична намера или нешто сосема трето?
И што се случува со нашата перцепција за „автентичноста“?
Сите овие прашања беа поставени на гостинското предавање кое Ребека Клементс од Fontys Academy of the Arts (Холандија) го одржа за студентите и средношколците на дизајн на Некст и НУ.

Предавањето „AI во уметноста“ ги отврои прашањата кои денес ги предизвикуваат уметниците, дизајнерите, едукаторите и иноваторите ширум светот.
Ребека раскажа како таа го започнала своето истражување пред четири години, кога вештачката интелигенција беше релативно нова алатка за уметниците. Клучен момент за неа било кога во дигитална поставка видела дело создадено од вештачка интелигенција кое во неа разбудило вистинска емоција
„Ако AI може да создаде нешто што ме трогнува… тогаш што значи тоа за уметноста?“ – е прашањето кое неа ја водело кон подлабоко истражување.

Овој личен момент ги отвори и прашањата кои подоцна ги сподели со студентите:
-Како реагираат луѓето на уметност создадена од алгоритми?
-Дали е ова само нова фаза во еволуцијата на уметноста, како што некогаш биле импресионизмот, фотографијата, дигиталната уметност?

„Ова се прашања што треба да ги истражуваме заедно, прашања што ќе разбудат љубопитност, ќе поттикнат размислување за личната етика и ќе ги поканат сите внимателно да се вклучат во движењето чиј дел сме, сакале ние или не.“
Голема благодарност до Fontys Academy of the Arts и Ребека Клементс за инспиративната енергија и храброста да зборува за теми каде одговорите сè уште се градат.
И како што рече Ребека, можеби не ни требаат конечни одговори.
Можеби најважно е да продолжиме да прашуваме.
Да преиспитуваме.
Да учиме.
Да создаваме.
