Уверувањето дека кариерата започнува со првото вработување или со дипломирањето, е застарено и погрешно. Вистината е многу поразлична: кариерата се гради многу порано, уште во средно. Уште од самиот момент кога почнуваме да стекнуваме навики и да учиме вештини со кои би станале личноста која сакаме да бидеме, за потоа и лесно да се вработиме.
Токму ова беше фокусот на предновогодишниот Afterwork за родители, организиран од NU Академиите за амбициозни средношколци.
Во преполна сала, со повеќе од 50 родители на средношколци, се отворија прашања кои ретко се дискутираат отворено, а се клучни за иднината на младите, особено во време на дигитална трансформација и вештачка интелигенција.

Младите имаат потенцијал, но често не го користат 100%
Основачот на Brainster Next факултетот и NU Академиите, Петар Ниновски, ја постави суштинската поента:
младите имаат огромен капацитет, но често користат само мал дел од него. И ова не е затоа што немаат талент, туку затоа што немаат систем и средина што континуирано го поттикнува и го развива тој потенцијал.
Токму затоа се создадени Brainster Next и NU Академиите, за да служат како мост помеѓу потенцијалот на младите и неговата реална примена.

Како изгледа тоа во пракса?
Практична работа од ден 1
Наместо младите да го чекаат тој „еден ден по дипломирање“, нашите средношколци и студенти, уште додека учат посетуваат пракси, имаат реални проекти за клиенти и слушаат предмети од индустрија. Само вака учењето добива контекст, а знаењето смисла.
Дел од овие активности се и хакатоните, каков што е 48 часовниот хакатон во соработка со Прилепска Пиварница, на кој студентите ја дизајнираа новата Златен Даб Limited Еdition лименка.

Професори – практичари со искуство (и AI како стандард)
Наставата ја водат луѓе што активно работат во индустријата и ги пренесуваат вештините што денес се бараат а и ќе се бараат во следните 10-15 години. Овој пристап е дополнет со систематско учење на AI алатки и начини на работа што веќе се дел од секојдневието.
Дополнителна вредност на сето ова, дава платформата AI At work, каде секој еден може да учи од реномирани експерти во областа на AI.
Откривање потенцијал и поврзување со компании
За да им помогнеме на младите максимално да го искористат својот потенцијал, имаме посебен тим кој работи со младите за да им помогне да откријат во што се добри, да се подготват за интервјуа и да се поврзат со компании за пракси и први ангажмани.
Резултатите се конкретни:
100% од студентите од првата генерација на Next факултетот се вработени, а дел од NU средношколците веќе имаат пракси и ангажмани уште додека се во средно образование.

Средношколци на NU и студентни на Next ја дизајнираа првата Diners картичка за млади.
Улогата на родителот: поддршка без наметнување, но и без повлекување
Ивана Дојчиновска, лиценциран кариерен советник со 30 годишно искуство, понуди јасна рамка: родителот треба да биде поддршка при изборот на кариера, но без наметнување и без повлекување.
Таа советуваше дека изборот и градењето на кариерата не е една одлука, туку процес што се гради со текот на времето, преку:
- навики и однесување
- истражување и експериментирање
- развој на конкретни вештини што носат самодоверба и вработливост

Ивана сподели и бесплатен прирачник кој е одлична насока за сите родители (но и млади) за тоа како се создава кариера и кои прашања треба да се постават во текот на самиот процес на градење на истата.
Afterwork настанот заврши со активна дискусија и взаемна согласност дека најдобрата инвестиција за младите е средина која им дозволува да растат, да пробуваат и да ги остварат своите потенцијали. А кога тие ја имаат вистинската поддршка во вистинско време – и сегашноста и иднината стануваат многу посигурни и повозбудливи.
