Во Brainster, веруваме во моќта на практичното учење и тимската работа. Затоа, со гордост ги организираме најголемите хакатони во регионот, каде студентите имаат можност да развиваат значајни продукти за заедницата, работејќи на реални проекти за реални клиенти.
За оние кои сè уште не се запознати, хакатон е 48-часовен интензивен предизвик, каде што студентите се обединуваат во тимови за да креираат иновативни решенија за специфични проблеми. Ова е место каде идеите се претвораат во реалност, а учесниците ги тестираат своите вештини под притисок, додека истовремено учат и се дружат.

Во фокусот на овој текст е хакатонот каде се развиваше OutLearn едукациска платформа за средношколци, организиран од Brainster во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, кој се одвиваше во два викенда. Првиот викенд заврши со победа на тимот 1, кој понуди креативно решение за едукативна платформа наменета за средношколци. Додека пак, вториот викенд беше посветен на реализација на оваа идеја, каде што студентите од техничките академии и Софтверско инженерство и иновации го презедоа креативното решение и ја разработија платформата.
По завршувањето на првиот викенд, победничкото решение беше предадено на студентите од техничките академии и студентите од студиската програма Софветско инженерство од факултетот Brainster Next. Тие го презедоа креативниот концепт и започнаа со негова трансформација во функционална платформа. Со помош на ментори и инструктори, студентите работеа напорно, пишувајќи код, тестирајќи и дебагирајќи со цел развивање на платформата.

Вториот викенд беше вистински тест за тимската работа и иновативноста на студентите. Тие мораа да ги искористат своите технички вештини и знаења за да ги надминат предизвиците и да ја реализираат визијата на победничкиот тим. Секој член на тимот имаше своја улога и придонесе кон крајниот резултат.
На крајот од вториот викенд, студентите презентираа функционална платформа OutLearn, која ја импресионираше жири-комисијата. Платформата е пример за тоа како креативните идеи можат да се претворат во реалност со помош на технички вештини и тимска работа.

Хакатонот за OutLearn покажа дека соработката помеѓу различни профили на студенти може да доведе до извонредни резултати. Студентите од креативните академии и техничките академии се надополнуваа едни со други, создавајќи платформа која има потенцијал да го подобри начинот на кој средношколците учат и се развиваат.
Сакаме да им се заблагодариме на сите студенти, ментори, инструктори и организатори кои учествуваа во овој хакатон. Нивната посветеност и напорна работа придонесоа за успешна реализација на овој проект.

Што е следно?
Платформата OutLearn ќе продолжи да се развива и подобрува, со цел да им се обезбеди на средношколците најдобро можно искуство за учење. Овој проект е од исклучително значење за средношколците, бидејќи ќе понуди разновидни и интерактивни курсеви кои ќе ги надополнат нивните знаења и вештини. Во време кога образованието постојано се менува и се прилагодува на дигиталната ера, OutLearn ќе биде платформа која ќе им овозможи на средношколците да учат на иновативен и забавен начин. Курсевите ќе им овозможат на средношколците да го изберат начинот на учење кој најмногу им одговара, и да ги развијат своите потенцијали во целост.