Ивана Герчакова – Dream Team студент на Академијата за Data Science

Запознај ја Ивана Герчакова – Dream Team студент на Академијата за Data Science за месец јуни 2023.

 

Име и презиме: Ивана Герчакова

По професија: Дипломиран инженер по внатрешен дизајн

Академија: Академија за Data Science

Зошто баш оваа област: Oбожавам податоци, анализи, бројки, статистики. Брзорастечко поле каде на сè повеќе бизниси им е потребно да се базирани на факти и анализи. Ова поле поради тоа што баш има примена во различни области како: маркетинг, финансии, здравство, информатика, транспорт, спорт.

Што те мотивира постојано да учиш: Мојата постојана љубопитност да истражувам. Сферата на знаењето е неограничена. Верувам дека една од најголемите предности на постојаното учење е што може да ни овозможи да искусиме нови области, да развиеме критичко размислување и проблемски вештини што ни помагаат да ги решиме предизвиците пред нас со повеќе креативност и леснотија.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Уфф, тешко прашање. Научив многу интересни работи. Преку SQL научив како со различни вештини и концепти, преку работа на податоци, да се управува со релациони бази. Power BI е преинтересна алатка, преку поврзување и обработка на податоци, со создавање на извештаи и табели, со различни функции, да добиеш такви визуелизации, графици на податоци – неверојатно нешто. Со Python преку NumPy, Pandas и Matplotlib да манипулираш и анализираш податоци, како да изведуваш разни статистички и визуелизуелни анализи. Со моето омилено Machine Learning, разбирање на алгоритмите и моделите, дрва на одлука, класификација, регресија, невронски мрежи, подготовка и обработка на податоци, тренирање на модели, оптимизација на параметрите и различни пристапи, евалуација и интерпретација на модели како и оценка на перформансите со различни метрики.

Омилен модул и зошто: Секој модул е посебна приказна за себе. Со секој нов модул, бев изненадена – зар и ова може. Многу непреспиени ноќи, многу станувања во 3 часот наутро, со муабетот, „ахааа вака ли било ова…”, многу сонување на бројки, кодови, задачи, презентации. И од еднаш сè станува неважно, кога ќе ти помине кодот и ќе се сетиш дека требало дупли загради да ставиш. 😊 Machine Learning мојот најомилен модул, поради тоа што е поле, коешто нема крај. Она развивање на алгоритми и модели што автоматски учат и се подобруваат преку искуство и податоци, ме фасцинира.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Eксперти, професионалци, генијалци секој во својата област. Со сигурност би кажала големи фанатици во тоа што го работат. Ангела ми остави преголем впечаток и баш го долови моментот на тоа како може еден Python да e толку тежок, а воедно интересен и сето тоа да изгледа како леснотија. Бошко Колоски, без да ми се налутат другите, мојот омилен. Генијалец што премногу си ја сака работа, што има огромно трпение и човек кој има дарба да го пренесе своето знаење. Со неговиот модул Machine Learning, нè нурна во длабокото и да признаам толку се пронајдов во овој модул, што неколку пати седејќи на кафе, имав станато порано да си одам дома, со цел да си решавам задачки. Ако ние се прогласуваме за студенти на месецот, со сигурност Бошко би бил инструктор на месецот.

За 5 години сакам да бидам: Дефинитивно Data Scientist во областа на спортот.

Хоби: Why be bad at one sport, when you can be bad at three – Триатлон!

Омилена книга:The Third Eye“ by Lobsang Rampa

Омилен цитат: „Hard work beats talent when talent fails to work hard.”

„Dreams without goals are just dreams, and ultimately, they fuel disappointment. On the road to achieving your dreams, you must apply discipline, but more importantly consistency, because without commitment, you’ll never start, but without consistency, you’ll never finish.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Related Stories For You

Аплицирањето за ваучер заврши!