Kuehne+Nagel x Brainster: поддршка за новата ера на вештачка интелигенција во Македонија

Благица Трпезановска, генерален директор на Kuehne+Nagel Македонија, е лидер со повеќедецениско искуство во една од најголемите светски логистички компании, која успешно оперира и на македонскиот пазар од 1996 година. Како компанија што постојано инвестира во иновации, знаење и развој на човечкиот потенцијал, Kuehne+Nagel ја препознава важноста на новите технологии и дигиталната трансформација, особено во доменот на вештачката интелигенција.

Со текот на годините, Трпезановска презема клучни улоги во различни сектори на компанијата – од продажба до камионски и авионски транспорт. Во текот на нејзината кариера, Kuehne+Nagel постојано инвестира во нејзиното стручно усовршување преку разни обуки, со што таа стекнува длабоко разбирање не само за логистичката индустрија, туку и за менаџментот. Во 1999 година, нејзиниот труд и посветеност резултираат со унапредување на лидерска позиција – улога која успешно ја извршува до ден-денес.

Преку поддршката на проектот на Brainster за вештачка интелигенција, Kuehne+Nagel се позиционира не само како логистички лидер, туку и како активен сојузник во градењето на новата генерација дигитални професионалци во Македонија. Трпезановска, која е дел од оваа иницијатива, ја отелотворува мисијата на Kuehne+Nagel да биде двигател на иновации и да ги поддржува иницијативите кои го обликуваат идниното на бизнисот и образованието

Кажете ни малку повеќе за вас како компанија? Кои се Kuehne Nagel? Како ја
дефинирате мисијата на Kuehne+Nagel во контекст на глобалниот пазар?


Kuehne+Nagel е глобална логистичка компанија основана во 1890-тата година во
Бремен, сега веќе распространета на 1.300 локации во преку 100 држави, со над 82
000 вработени. Во Македонија постоиме од 1996 година и нудиме квалитетни
логистички услуги во камионскиот, бродскиот и во авионскиот транспорт.
Глобалната мисија на Kuehne+Nagel е базирана на три постулати:

  • Посветеност на одлични услуги и оперативна беспрекорност,
  • Интеграција на услуги и системи со цел беспрекорни глобални операции и
  • Иновации за постојани подобрувања и приспособување во динамичната
    индустрија

Вие сте меѓу првите кои се вклучувате во оваа иницијатива. Што ве мотивираше како компанија да поддржите проект за вештачка интелигенција?


Токму третиот столб од нашата глобална мисија – Иновации – е главниот мотив да го
поддржиме проектот за вештачка интелигенција. Несомнено е дека ВИ во голема мера
ќе ја обликува динамиката на операциите, квалитетот и брзината на услугите, но и
задоволството на клиентите во иднина. Не сакам да звучи нескромно, но
Kuehne+Nagel веќе „живее во иднината“, на начин што единствени на пазарот нудиме
дигитални алатки кои во голема мера ги олеснуваат логистичките предизвици на
нашите клиенти…


AI нема да те замени, ќе те заменат корисници на „AI at Work“!

„AI at Work“ е достапен преку претплатнички модел, со цена од 25€ месечно, со загарантирана цена за првите 1000 корисници. Претплати се сега и биди дел од новата генерација AI професионалци!

Пакетот кои го добиваат корисниците е следен: 
25 евра за 8 курсеви секој месец +
Бонус 1: Една бесплатна академија годишно за редовните корисници,
Бонус 2: Бесплатен пристап до дигитална заедница за поддршка и учење.


Дали можете да ни споделите некои конкретни примери за тоа како вештачката
интелигенција веќе има влијание врз логистичките операции на Kuehne+Nagel?


Секако. Еден од последните реални примери, е како со помош на GenAI,
Kuehne+Nagel успеа за рекордно време да прочисти над 6 000 000 адреси на свои
клиенти и соработници и значително да го подобри квалитетот на податоците во
своите бази – нешто што е клучно за беспрекорни услуги и пост-продажни активности.
Користејќи ја ВИ, заменивме двегодишна мануелна работа на 400 колеги од 29 држави,
со потполно автоматизиран процес без човечка интервенција. Колегите можеа да се посветат на оперативни задачи и уште повеќе да придонесат кон зголемување на
бројот на клиенти и нивно опслужување.

Зошто Kuehne+Nagel одлучи да инвестира во развојот на студентите на Brainster и
младите кадри и како оваа иницијатива се усогласува со целите на компанијата?


Одговорот лежи во повеќе сегменти, од кои како побитни би ги посочила:

  • Промоција на брендот Kuehne+Nagel и општествена одговорност – градиме
    позитивен имиџ и создаваме лојалност кај идните вработени и кај клиентите,
  • Поттикнување иновации и свежи перспективи – младите носат нови идеи и
    технолошка писменост, како и енергија и ентузијазам – поттикнувачи на
    организациската култура,
  • Усогласување со стратегијата за одржлив раст – иновации, дигитализација и
    долгорочна стабилност преку неконвенционално образование
  • Обезбедување идни таленти – работиме во индустрија која бара високо-
    обучени и прилагодливи професионалци, способни за брзо и ефикасно носење
    одлуки

Според вас, како проектите за вештачка интелигенција влијаат на можностите на
развој на младите кадри?


Со правилна, етичка употреба на ВИ, младите имаат пристап до напредни
технологии (работа со најсовремени алатки, учење преку интерактивни и
персонализирани платформи, што резултира со стекнување вештини барани на
глобалниот пазар), поврзување со глобални можности (создаваат мрежа на контакти
и ментори), поттикнување креативност и критичко размислување (тимска работа,
иновативно размислување и решавање комплексни проблеми…)

Каков совет имате да им дадете на останатите лидери во поддржување на иницијативи кои се насочени кон развојот на младите иноватори?


Секој од нас, во рамките на можностите, мора да покаже лидерство, визија и доверба
во младите, бидејќи од инвестирањето во нив и нивните вештини, зависи и иднината
на компаниите кои ги водиме.
Секој менаџер би сакал процесот на подмладување на кадарот да биде со амбициозни
и талентирани млади луѓе кои можат да се носат со денешната динамична работна
средина и кои лесно се вклопуваат во корпорациската култура. Но, тоа не доаѓа „по
дифолт“, туку развојот на сите горенаведени вештини бара многу време, инвестиции,
правилен фокус и истрајност.
Затоа, иницијативите како оваа на Brainster треба сериозно да се поддржат, бидејќи
младите носат свежа енергија и нови перспективи, иднината на технологијата е во
нивни раце, а лидерството денес повеќе значи влијание, отколку само управување со
компаниите.
На крајот, би порачала: Инвестирајте во младите како да инвестирате во иднината на
вашата компанија – затоа што токму тоа и го правите!

Related Stories For You


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!