SalesMake на Brainster Job Fair 2.0 и AI Conference: Иновативен директен маркетинг со вештачка интелигенција

SalesMake е специјализирана агенција за директен маркетинг, посветена на развој и имплементација на иновативни продажни канали. Нивната примарна цел и мисија е да обезбедат стратешка поддршка на старт-ап компаниите, како и на малите и средни бизниси. SalesMake им помага на овие компании да воспостават ефикасни и успешни продажни процеси, овозможувајќи им значителен раст.

Клучот за успехот на SalesMake лежи во користењето на напредни платформи поддржани од вештачка интелигенција. Овие технологии овозможуваат автоматизација и оптимизација на продажните процеси, обезбедувајќи им на клиентите конкурентска предност на пазарот. Со фокус на технологијата и иновациите, SalesMake овозможува бизнисите да ги максимизираат своите продажни потенцијали и да постигнат одржлив развој.

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?

Проактивност, желба за успех и мотивација. Исто така, познавање од Google Suite и основно познавање од дигитален маркетинг и маркетинг канали.

Стани незаменлив AI специјалист, AI консултант и AI имплементатор. Аплицирај денес за Практичната AI Академија!

Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?

Користиме платформи со вештачка интелигенција кои ги автоматизираат нашите продажни процеси и методи. Исто така, ја користиме и за креирање креативни маркетинг кампањи и за маркетинг истражувања.

Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?

Вештачката интелигенција сѐ уште не може да ги замени вработените, но може да ги оптимизира процесите во вашата компанија, така што еден човек би завршил работа како за пет вработени во истиот оддел.

Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?

Флексибилност, напредок и дружба. Најмногу ги мотивира фактот што континуирано имплементираме нови процеси, користиме најнови технологии и работиме со компании од целиот свет. Исто така, имаме многу флексибилно работно време и можат да работат од каде сакаат.

Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по работа или се заинтересирани за вештачка интелигенција?

Секогаш барајте добра прилика и гледајте да ја создадете. Ако сретнете иновативна компанија која има многу да ве научи и да ви понуди, прифатете да почнете со минимална плата или без, научете сѐ што има да понуди таа компанија и подоцна наплатете го вашиот труд колку што е вашата вредност.

Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?

Бидете спремни да почнете од нула и бидете спремни да научите, секогаш имајте проактивен пристап. Кога ќе видите дека вашите резултати ги надминуваат оние на вашите колеги, добрите компании ќе ве бараат вас, не вие нив.


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!