Native Teams на Brainster Job Fair 2.0: Иднината на глобалното вработување

Native Teams е компанија посветена на поедноставување на процесите на глобално вработување и исплата. Нивната основна цел е да им овозможат на бизнисите непречено да растат и ефикасно да управуваат со своите тимови, без оглед на нивната географска локација.

Водејќи се од визијата за свет без граници, Native Teams се стреми да создаде средина каде што секој поединец може да работи од каде било, а компаниите да пристапат до најдобрите таленти ослободени од административни и правни пречки. Нивната мисија е да развијат и понудат алатки и услуги кои им овозможуваат на бизнисите да се фокусираат на својот раст и на своите вработени, наместо на бирократските предизвици.

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?

Денешниот пазар на труд бара многу повеќе од само технички знаења. Повеќе од сѐ, важно е да имате способност за адаптација бидејќи технологијата и начинот на работа брзо се менуваат. Критичкото размислување и решавањето на проблеми се клучни, како и вештините за комуникација и тимска работа. Секако, вештините во дигитални алатки, аналитика, вештачка интелигенција и податоци стануваат сѐ поценети. Но, она што навистина ве издвојува е желбата за учење и растење заедно со компанијата.

Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?

Ја користиме вештачката интелигенција (АI) на повеќе начини за да го подобриме искуството на нашите корисници. Најмногу се фокусираме на автоматизација на процесите, за да им заштедиме време на корисниците и да ги направиме задачите полесни. Исто така, работиме на персонализација на платформата, сакајќи секој корисник да добие решение што е прилагодено на неговите потреби. Со тоа што нудиме подлабоки и попаметни увиди (insights), им помагаме на компаниите подобро да ја разберат својата работа и да донесат подобри одлуки. На крајот, целта ни е да креираме платформа што не е само алатка, туку вистински партнер за раст на бизнисите.

Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?

Мојот совет би бил да почнете со нешто конкретно и едноставно. Не се обидувајте да ја решите секоја работа со АI одеднаш. Размислете која задача ви одзема најмногу време или ресурси и истражете како АI може да ви помогне таму. И најважно – обучете го вашиот тим, охрабрете ги да поставуваат прашања и да учат заедно со вас.

Стани незаменлив AI специјалист, AI консултант и AI имплементатор. Аплицирај денес за Практичната AI Академија!


Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?

Нашата култура е комбинација од амбиција, поддршка и отвореност. Кај нас, луѓето се чувствуваат слободни да ги споделат своите идеи, да преземат иницијатива и да пробаат нешто ново. Најголемата мотивација доаѓа од сознанието дека нивниот труд навистина има влијание – тие гледаат резултати, добиваат признание и имаат слобода да растат, како професионално, така и лично.

Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по нова кариера или се заинтересирани за вештачка интелигенција?

Прашувајте, учете, пробувајте! Не плашете се ако не знаете сѐ, важно е да покажете иницијатива, да прашувате „зошто“ и да се поврзувате со луѓе од индустријата. Вештачката интелигенција е поле што брзо се менува и има простор за сите – не само за инженери, туку и за креативци, комуникатори и стратегисти. Верувајте во себе, учете секој ден и не се откажувајте ако нешто не оди од прва.

Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?

Промената е нормална и здрава. Ако чувствувате дека сакате да смените нешто, тоа е знак дека растете и барате нови предизвици. Мој совет е: почнете со мали чекори. Направете истражување за новата област, видете кои вештини ви недостигаат и почнете да учите преку онлајн курс, менторство или само разговори со луѓе од таа индустрија. Не чекајте „идеален момент“ и запомнете, вашите претходни искуства се ваша предност.


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!